Караванот Католици.мк се претстави во Нова Маала

Парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала во недела 10 април беше домаќин на Католици.мк – Караванот, кој пред присутните верници ја претстави работата на Католици.мк, Светлина и Радио Ватикан.

Средбата започна со молитвата Крстен пат, која ја предводеше парохот во Нова Маала о. Спасо Ристов, кој веднаш потоа ги поздрави присутните и ја истакна важноста на медиумите во денешното современо живеење.

За почетоците на Католици.мк на средбата зборуваше о. Гоце Костов, при што ја истакна неопходноста христијаните да бидат присутни на интернет и социјалните медиуми и на тој начин да допринесат за ширење на Радосната вест. Модерните средства за комуникација се модерен ареопаг, при што се отвора позитивната можност на Интернетот да ја пренесува верската информација и учење надвор од сите бариери и граници. Оние кои го навестуваа Евангелието пред нас не можеле ни да си замислат толку голем аудиториум – нагласи о. Гоце Костов.

Во понатамошниот тек беше стана збор и за Светлина – христијанско спсиеание и Радио Ватикан – македонска програма, како и нивната соработка, а о. Ванчо Назов ја претстави идејата „Пријатели на Католици.мк“.

На средбата своите искуства за волонтерство во Католици.мк ги истакнаа Данче Ичева и Божанка Ристова.

Младите од парохијата приготвија за претставниците од Католици.мк дружење во парохиската сала.

к.мк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот