Казахстан: Хиротонисан првиот бискуп роден во земјата

Казахстан: Хиротонисан првиот бискуп роден во земјата

Дваесет години по посетата на Иван Павле II на Казахстан, во Караганда е хиротонисан првиот бискуп роден во земјата.

На 12 септември, во Караганда, дваесет години по посетата на Иван Павле II  на Казахстан (22-25 септември 2001 година), е ракоположен Јуџин Зинковски, првиот бискуп роден во земјата. Роден е во 1975 година во Шортанди, поранешна советска територија, потомок на полско семејство депортирано во регионот. „До моите 15 години, јас бев нормално советско дете кое не знаеше ништо за Бог или Црквата“, рече монс. Зинковски во интервју на веб -страницата на Католичката црква во Казахстан. „Господ го најде патот до моето срце кога во 1990 година на децата на полските семејства во регионот им беше дадена можност да поминат еден месец во Полска за да ја научат културата на нашите предци. Тоа беше прв пат кога влегов во црква. Дома, големото откритие беше дека роднините на татко ми беа големи верници католици, но поради стравот што ги зафати луѓето во советско време, имаа страв да зборуваата за Бог пред децата. По завршувањето на средно училиште, Зинковски влегува во семинаријата во Гниезно, Полска. Во 1999 година, е ракоположен за свештеник во неговата домашна парохија во Шортанди.

Со диплома по филозофија на Папскиот универзитет на Светиот Крст во Рим, во 2003 година се вратил во бискупијата Караганда, каде што извршувал разни служби. На 29 јуни 2021 година, папата Фрањо го именува за помошен епископ на бискупијата, предводена од монс. Аделио дел Оро. „Отворен сум за она што Господ го подготви за мене“, вели монс. Зинковски. „Сигурен сум дека Господ ми го даде овој дар за да можам и јас да ја почувствувам неговата љубов кон луѓето, кон нашата Црква, кон нашата земја, и јас, како апостолите, да го сакам Исус, да Го сакам Бог Отецот, да го сакам нашиот народ и да им го пренесеме евангелието со љубов“. „Барам посебна молитва и добронамерна поддршка, бидејќи кога го сакаме Бог заедно ние служиме на неговата Црква.

Ватикан њуз/к.мк

a

Категорија: Вести, Свет

За авторот