ВТОРНИК 8 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Лука, 14,12-14
Исус му рече на оној, што го беше поканил: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту браќата свои, ни роднините свои, ниту богатите соседи за да не те поканат и тие некогаш и да ти вратат. 13. Но, кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, хромите, слепите, и ќе бидеш блажен, оти тие не можат да ти вратат, а ќе ти биде отплатено при воскресението на праведните.”