Историски говор на Папата во Конгресот на САД

Папата во говорот во Конгресот истакна четири големи ликови од американската историја: Абрахам Линколн, Мартин Лутер Кинг, Дороти Деј и Томас Мертон и преку објективот на нивните соништа и дела проговори за многу теми.

Четворица преставници на американскиот народ; четворица поединци и четири соништа: Абрахам Линколн и слободата; Мартин Лутер Кинг и слободата во плуралноста и инклузивноста; Дороти Деј со социјалната правда и човековите права и Томас Мертон со способноста за дијалог и отвореност кон Бог – е јадрото на денешниот говор на Папата во Конгресот на САД од кое разви и допре мноштво теми: од должноста на политичарите и грижата за општото добро, до војната и продажбата на оружје, од праведно економско уредување до важноста на семејството кое е „загрозено можеби како никогаш до сега“, од миграцијата и грижата за создаденото до укинувањето на смртната казна.

Потсетувајќи дека целта на политиката е заштитата на достоинството на граѓанинот и неуморното барање на општото добро, Папата истакна дека политичкото општество е стабилно ако се грижи за сите свои членови, особено за оние кои се ранливи или загрозени. Посланието на политичарите го спореди со ликот на Мојсеј: тој е законодавец кој го чува единството на народот, но исто така нè води до Бог и затоа трансцедентно достоинството на човекот. Мојсеј обезбедува добра синтеза на вашата работа: повикани сте законски да ја штити Божјата слика и прилика во секој човечки живот – рече Папата.

Спомнувајќи ја 150 годишнината од убиството на американскиот претседател Абрахам Линколн „чувар на слободата“, Папата изрази загриженост заради се поголемото насилство во светот кое се извршува дури и во iмето Божјо. Потребна е будност и „чувствителна рамнотежа“ во борбата против насилството направено во името на верата, идеологијата или економскиот систем. Но, мора да се задржи истото поедноставувањето кое го гледа само доброто и злото односно праведниците и грешниците. Наместо да се поттикнува на омраза и насилство, да се одговори со мир и праведност. Потребно е да се обнови надежта и да се соработува за општото добро, да се работи заедно во почитувањето на меѓусебните разлики и совести.

Светиот Отец потоа истакна дека е важно и денес да се слушне гласот на верата. Придонесот на разните верски деноминации кои помогнале во изградбата на САД е силно оружје во борбата против новите облици на ропство. Тешките неправди кои се предизвикани можат да се надминат само со нови политики и нови облици на општествен консензус – смета папата Фрањо.

Спомнувајќи го Мартин Лутер Кинг славниот борец за општествената рамноправдност, Папата го сврте вниманието на имиграцијата. Ние, народот од овој континент да не се плашиме од странците бидејќи поголемиот дел и ние некогаш сме биле странци. Тоа го кажувам како син на мигрант знаејќи дека многу од вас исто така се потомци на мигранти. Трагично е што правата на оние кои се овде одамна пред нас секогаш не биле почитувани – рече Папата, додавајќи: Направените грешни не смеат да се повторат кога странец меѓу нас ќе побара помош. Потребно е да се воспитаат новите генерации и на ближниот да не му свртуваат грб.

Се соочуваме со најголемата бегалска криза од Втората светска војна – рече Папата, потсетувајќи дека подобриот живот кој го бараат бегалците е исто тоа што ние го сакаме за своите деца. Не треба да не плаши нивниот број, туку треба да се гледат како луѓе и да се одговори човечки, праведно и братски. Мораме да го избегнеме општото искушение да го одбиваме секој кој ни изгледа проблематичен. Златното правило нè потсетува на нашата должност да го браниме и штитиме човечкиот живот во секој дел од неговиот развој – нагласи Светиот Отец. Заради тоа од почетокот на своето папство се застапува за општо укинување на смртната казна, бидејќи како што објасни секој човек има неотуѓиви права, а општеството може само да ги користи за рехабилитација на осуденикот. Од тој аспект изрази поддршка на истите настојувања на американските епископи.

Спомнувајќи си пак на слугинката Дороти Деј основач на Католичкото работничко движење, Папата поттикна на борба против сиромаштвото и гладта на сите подрачја. Тоа вклучува создавање и распределба на добрата, исправно користење на природните богатства и технологијата и негување на претприемачки дух. Истакна дека претприемништвото е племенито звање и дека се потребни нови чекори за да се спречат најтешките последици од уништувањето на околината која што го предизвикала човечката активност. Светиот Отец изрази уверување дека САД во тоа имаат важна улога, велејќи дека сега е вистинското време за остварување на „културата на грижа“ и „целосен пристап“ во борбата против сиромаштвото, враќањето на достоинството на исклучените и во заштитата на природата.

Папата Фрањо потоа го истакна ликот на Томас Мертон нарекувајќи го пред сè човек на молитва и дијалог кој промовирал мир меѓу народите и религиите. Од аспект на дијалогот го спомна историското зближување на Куба и САД. Мојата должност е да градам мостови и да им помогнам на луѓето да го прават тоа истото. Кога земјите кои не се согласувале го продолжуваат патот на дијалогот – пат кој би можел да биде прекинат заради најоправдани причини – се отвораат нови можности за сè – рече Папата додавајќи: Добар политички водач секогаш избира движење на процесот, а не заземање на просторот.

Да се биде во служба на дијалогот и мирот исто така значи да се биде одлучен во спречувањето на бројни вооружени конфликти во светот – истакна папата Фрањо и поттикна да се запрашаме: Зошто оружјето се продава на оние кои имаат намера да нанесат незамисливо страдање на поединци и општеството? Одговорот е познат: парите, често натопени со крвта на невините. Пред срамното и соодговорно молчење нашата должност е да се соочиме со тој проблем и да ја запреме трговијата со оружјето – нагласи Светиот Отец. На крајот ја истакна важноста на семејството кое ја заслужува нашата поддршка и охрабрување, но кое денес е загрозено можеби како никогаш порано – и тоа и одвнатре и однадвор. Во прашање се доведуваат основните односи како и самиот темел на бракот и семејството – предупреди Папата.

Нацијата е голема кога ја штити слободата како Линколн, промовира културна полноправност за сите браќа и сестри како Мартин Лутер Кинг, тежнее кон праведноста и се застапува за угнетуваните како Дороти Деј во нејзиното неуморно делување кое е плод на верата кое тежнее кон дијалог и сее мир во контемплативен стил на Томас Мертон. Нека Бог ја благослови Америка! – рече папата Фрањо на крајот на својот говор.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот