Истовремено Евахристиско обожавање во целиот свет
Ватикан, 28 мај 2013 /к.мк/ – На 2 јуни, за еден час, сите катедрали во светот, ќе бидат синхронизирани со римското сметање на времето, присоединувајќи се со Папата во Евхаристиското обожавање. Настанот кој е преседан во историјата на Црквата и се реализира во контекст на Годината на верата, беше претставен на прес-конференција од монсињор Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за Нова евангелизација. Годината на вера, истакна монсињор Физикела, продолжува по својот плоден и со иницијативи богат пат, како во епархиите, така и преку средбите со Папата”.
До овој момент на настаните поврзани со Годината на верата учествуваа 4,3 милиони поклоници. На настаните посебно место заземаат молитвата, размислувањето и духовното учество. Следната средба за оваа година е најавена од папата Бенедикт ХVІ и тоа следната недела, 2 јуни од 17.00 до 18.00 часот по локално римско време. „Од 1246 година, кога за прв пат беше славен празникот на „Телото и Крвта Христови”, Евхаристиското обожавање се наметна во животот на Црквата, достигнувајќи и до наши денови”, посочи монсињор Физикела:
„Како тема за овој настан го одбравме мотото:„Еден Господ, една вера”. Мотото сведочи за важноста на длабоко единство, која е карактеристична за овој настан. Ваков настан се реализира за прв пат во историјата на Црквата и затоа можеме да го наречеме „историски”.
Без исклучок, од сите гоеграфски ширини, Божјиот народ ќе биде синхронизиран со римското сметање на времето, во заедништво со Папата. Островите Кук и Хонолулу ќе се приклучат во 5.00 часот наутро по локално време, кога во Рејкјавик, Исланд ќе биде 15.00 часот, епархиите од Виетнам ќе се приклучат во 22.00 часот по локално време, Кореја на полноќ, а кога Океанија ќе се приклучи ќе биде веќе 3 јуни. На настанот ќе се приклучи и островите Галапагос и епархиите од Амазонската џунгла, како и многу други месни Цркви, каде што католиците се малцинство, како Норвешка, Бангладеш, Ирак, Буркина Фасо, Русија, Јапонија.
Ова ќе биде час на молитва, на братско заедништво и поддршка во верата за сите, истакна монсињор Физикела.
За овој молитвен час, папата Фрањо упати две посебни молитвени накани. Во првата молитвена накана Папата посакува:
„Црквата пред светот да се претстави прекрасна, без дамки и брчки, света и неизвалкана, за да може преку нејзиното верно навестување на Словото да стане носител на милосрдието”.
Во втората накана Папата ќе се моли:
За сите оние кои во различни делови од светот живеат во страдање од новите облици на ропство и се жртви на војни, трговија со луѓе, дрога, принудна работа, за децата и жените кои трпат секакви форми на насилство”.
Втората молитвена накана на Папата е насочено и кон сите оние кои се наоѓаат во економски потешкотии, пред се невработените, старите, емигрантите, бездомниците, затвроениците и напуштените. Нека молитвата на Црквата и нејзината активност им бидат утеха и поткрепа во надежта, сила и храброст во заштитата на човечкото достоинство. (го*ко)