Мудрите мисли и зборови на оваа посебна женa, родена во Скопје, денес се поважни од било кога. Токму нејзините пораки за мир поттикнуваат на размислување, за да станеме подобри луѓе, токму како што правела МајкаТереза целиот свој живот.
1.Ако не можеш да нахраниш стотина луѓе, нахрани само еден човек.
2.Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.
3.Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.
4.Ние сите не сме создадени за да правиме големи работи. Но, затоа можеме да направиме мали работи но, со голема љубов.
5.Осаменоста и чувството дека не си сакан се најголемата сиромаштија.
6.Не е важно колку работиш, туку поважно е колку љубов внесуваш во тоа што го работиш.
7.За да го вратиме мирот, не ни треба оружје и бомби, туку љубов и сочувство.
8.Мирот започнува со насмевка.
9.Пречекувајте се еден со други, со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта.
10.Пронајдов парадокс. Ако некој го сакаш до болка, тоа значи дека повеќе нема да има болка, туку само многу љубов.
11.Зошто немаме мир? Затоа што сме заборавиле дека припаѓаме едни на други.
12.Што можете да направите за да промовираме мир во светот? Оди си дома и сакај го твоето семејство.
13.Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост.
14.Секој кој што ќе ти се приближи нека си замине од тебе подобар и посреќен.
15.Повеќе глад во светот има за љубов и почит, отколку за леб.
Мајка Тереза
Духовност/Тодорка Манолева/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк