Светот го обиколија страшни слики од пожарот, кој во понеделник 15 април 2019 година ја зафатија катедралата Нотр Дам во Париз, еден од најважните симболи на европското христијанство. Според првите реконструкции пожарот е предизвикан при изведувањето на конзерваторските работи. Потоа огнот го зафаќа и кровот и кулата, кои околу 20 часот се срушија.
Снимки и фотографии снимени од дронови ги покажуваат вистинските размери од пожарот. Благодарејќи на пожарникарите двете предни кули се спасени. Со часови граѓаните на Париз и туристите гледаа како пожарот ја голта катедралата. Многумина плачеа. Некои молеа и пееја песни. Веста за само неколку минути го заобиколи целиот свет. Светиот Престол веднаш ја искажа својата „близина со француските католици и жителите на Париз“ и ја гарантира својата „молитва за пожарникарите и оние кои вложуваат големи напори за надминување на драматичната ситуација“.
Со изјава веднаш се огласија француските епископи: „Свесни сме дека сјајот на Нотр Дам го надминува главниот град и дека ќе остане важен симбол на католичката вера и место каде сите, верници и неверници, ќе можат да се сретнат во важните моменти од историјата на нашата земја“ – стои во изјавата на француските епископи. „На почетокот од Страстната седмица Епископската конференција упати повик до „верниците католици да бидат сѐ повеќе и повеќе живи камења на Црквата, живеејќи го таинството на смртта и воскресението Христово, изворот на на нашата надеж“.
Новоизбраниот претседател на Епископската конфернеција на Франција, монс. Ерик де Молин Бефорт изјави: Ова е голема загуба, голема рана. Она што го погоди Париз во срце е рушењето на кулата. Претставуваше прст испружен кон Бог – рече монс. Ерик де Молин Бефорт.
На местото на катастрофалниот пожар веднаш пристигна и парискиот надбискуп монс. Мишел Аупетит. „Ова е драма“ – рече надбискупот упатувајќи порака преку Твитер со која ги повика свештениците во градот со камбаните да ги повикаат верниците на молитва. Пожарникарите сѐ уште се борат да ги спасат кулите од катедралата Нодр Дам во Парис. Кровот и кулата ги проголта огнот. Да се молиме“ – напиша на Твитер надбискупот од Париз Аупетит.
Ватикан њуз/к.мк