И откаде со мене ова?
Децата и едноставните луѓе се искрени во своето однесување. Еве, едноставниот човек ги извршува своите обврски едоставно и посветено, од љубов и покрај сите тешкотии. Па, ако се случи некој тоа да го забележи и да го вреднува скромниот човек ќе се зачуди искрено прашувајќи што посебно направил. Тој го направил она што секој друг би го направил на негово место.
Еве искрено чудење во денешното Евангелие. Елисавета „не може да дојде при себе“. Толку години останала без пород што во тоа време тоа било срамно, затоа што се сметало дека е Божја казна. Не било лесно да се престојува во куќата без деца и без радоста на мајчинството. Кој знае колку потсмев и подбиви доживеала. И тогаш кога ја загубила целата надеж: Бог и подарува потомство. Ќе роди син! И додека сè уште не можела да верува дека на „Бог му се допадна да го тргне срамот од неа“, доаѓа уште еден неочекуван Божји дар: ѝ доаѓа во посета Богомајката. И Елисавета зачудена се прашува: „И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ?“ Бог кога дава, дава со грстови! „И откаде со мене ова…?“
И Марија би можел цел живот да воскликнува, можела секогаш одново и одново да се чуди на Божјите таинства. И откаде со неа ова да биде Мајка на Спасителот? И откаде ова Бог со неа по првиот шок од породот во Витлеем доаѓаат пастири полни со љубов и едноставност, доаѓаат мудреци, богобојазни и толку внимателни? Откаде со неа ова радост нејзиниот Син уште како дванаесетгодишен да ги восхити учителите во храмот? Па кога го видела Исусовиот јавен настап, неговите чуда, кога ги слушнала неговите силни зборови! Конечно откаде со неа ова по ужасот на Велики Петок да ја доживее славата на воскресението и вознесението, откаде со неа ова и таа да биде учесничка во слегувањето на Светиот Дух? И еве конечно денес го славиме врвот на Богородичната слава: Таа по свршетокот на земскиот живот е вознесена на небото. Во целата своја едноставност Марија навистина цел живот можела да се прашува (со сите маки, потешкотии и болки): „Откаде со мене ова Господ да ми дава толку милости, толку да ме уважува?“
А ние? Можеме ли ние да се заблагодариме? Со своите човечки слабости и со својата лудост, ние луѓе со мала вера, не забележуваме, не согледуваме, не се чудиме, не се восхитуваме, не се заблагодаруваме. А нели ни дава и на нас Бог големи дарови? Зарем и ние не треба да воскликнеме: Големи дела ми направи Севишниот, свето е неговото име! Еве создадени сме на слика Божја, откупени со смртта и воскресението на Синот Божји кој стана наш брат. Посветени сме со Светиот Дух и станавме учесници во божествената природа на Исус Христос. Христос нè признава за свои браќа и сестри, ние сме вистински синови и ќерки на нашиот Бог. Можели Бог да ни даде повеќе од тоа? Големо е нашето достоинство. Затоа нашето трпење не е ништо во споредба со славата која нè чека заедно со Блажена Дева Марија.
д-р Звонко Пажин/Вера и дела/к.мк