И денес има лажни „спасители“ кои се обидуваат да го заменат Исус

Драги браќа и сестри, добар ден! Евангелието од оваа недела (Лука 21, 5-19) во првиот дел го содржи говорот на Исус за последните времиња. Исус се говори во Ерусалим, во блузина на храмот, а поттик за тоа му дава народот кој говори за храмот и неговата убавина. Тогаш рече Исус: „Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат.“ (Лука 21,6). Секако дека го прашале: кога ќе биде тоа? Каков е знакот? Но Исус го свртува вниманието на овие споредни аспекти – кога ќе биде?, како ќе биде? – на вистинските прашања.

Станува збор за две прашања: Прво: да не дозволиме да не прелажат лажни месии и да не дозволиме да не парализира стравот.

Второ: да го живееме времето на очекување како време на сведочење и упорност. А ние сме во тоа време на очекување, очекување на доаѓањето на Господ.

Тој Исусов говор е трајно актуелен, исто така и за нас кои живееме во 21 век. Тој ни повторува: „Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во мое има“ (Лк 21,8). Тоа е повик за разликување, и христијански крепости со кои сфаќаме каде е духот Господов, а каде зли духот. И денес, има лажни „спасители“ кои се обидуваат да се постават на Исусовото место: лидери од овој свет, гуруа волшебници, луѓе кои сакаат да привлечат кон себе духови и срца, особено млади. Исус нѐ предупредува: „Но, не одете по нив!“

Господ исто така ни помага да не се плашиме: во војни, револуции, но и од природни катастрофи, епидемии, Исус нѐ ослободува од фатализам и лажни апокалиптични визии.

Вториот аспект се однесува на нас како христијани и како Црква: Исус навестува болни искушенија и прогони кои неговите ученици морат да ги поднесат поради него: Сепак гарантира: „Но, ни влакно од главата ваша нема да загине;“ (Лк. 21,18)! Ни гарантира дека сме потполно во Божјите раце! Пречките на кои наидуваме поради нашата вера и нашето прилепување до Евангелието се повод за сведочење; не смеат да не одделат од Господ, туку повеќе да нѐ поттикне уште повеќе да му се предадеме, да ни даде сила неговиот Дух и неговите милости.

Во овој момент во мислите ми се и сите да мислиме на нив. Да го направиме тоа заедно: да мислиме на толку браќа и сестри христијани, кои трпат прогони заради својата вера. А таквите се многу. Можеби многу повеќе од првите векови. Исус е со нив. И ние сме обединети со нив во својата молитва и својата љубов. И се восхитуваме на нивната храброст и нивното сведоштво. Тоа се наши браќа и сестри, кои во толку краеви на светот трпат заради својата верност кон Исус Христос. Ги поздравуваме од срце и со љубов.

На крајот Исус дава ветување кое гарантира победа: „со трпение спасувајте си ги душите.“(Лк 21, 19) Колку голема надеж има во овие зборови! Тие се повик на надеж и трпение, нѐ повикуваат да знаеме да чекаме на сигурни плодови на спасението, верувајќи во длабоката смисла на животот и историјата: искушенијата и страдањата се составни делови на еден голем план; Господ, господар на историјата, приклонува сѐ кон својата полнота.

 И покрај, нередите и катастрофите кои го потресуваат светот, планот за доброто и милосрдието ќе се исполнат! А тоа е наша надеж: оди така по тој пат, по Божјот план кој ќе се исполни. Тоа е наша надеж. Таа Исусова порака нѐ потикнува на размислување за нашата сегашност и ни дава сила да се носиме со неа со храброст и надеж, во заедништво со Богородица, која секогаш е со нас.

После Ангел Господов

Ве поздравувам, семејства, здруженија и групи, кои дојдовте во Рим, Италија и од многу делови од светот: Шпанија, Франција, Финска, Холандија. Посебен поздрав до поклониците на Верселија, Салерина, Лизанела; мото клубот Луканија од Потенца, младите од Монтекасино и Касерте.

Денес еритрејскаа заедница во Рим го слави празникот свети Михаил. Од срце ги поздравувам! Денес се обележува Ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи. Ја гарантирам својата молитва и ве поттикнувам да ја продолжите работата на превенција, бидејќи претпазливоста и почитување на прописите се првиот облик на заштита на себе и на другите.

Сега на сите вас сакам да ви препорачам еден лек. Но некој ќе помисли: Ма, дали сега овој Папа стана аптекар?“ Тоа е посебен лек за конкретизирање на плодовите од Година на верата, на која и се ближи крајот, лек од 59 зрнца за срце. Станува збор за „духовен лек“ кој се вика Мисерикордин. Тоа е кутија од 59 зрнца за срце. Во неа се наоѓа лекот кои волонтерите ќе ви го поделат додека заминувате од плоштадот Свети Петар. Земете го! Внатре е Бројаница која може да се моли исто така „мала бројаница на божанското милосрдие“, духовна помош за нашата душа и за насекаде да шириме љубов, простување и братство.Не заборавајте да ја земете, бидејќи тоа е добро за вас. Добро за срце, душа и целиот живот! На сите од срце ви посакувам пријатна недела. Довидување и добар апетит.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот