Зошто Црквата ги почитува моштите?

Зошто Црквата ги почитува моштите?

Почитувањето на моштите Црквата го потврдила со декрет на Тридентинскиот собор, кој се одржал во 16 век. Токму со тој декрет Црквата дава до знаење што  и како треба да се почитува. Така во документот се вели:

„Телата на мачениците и останатите светии кои живееле на земјата посебно крепосно, а сега с е во вечноста со Христос, верниот народ треба да ги почитува и преку нивните земни останки, а Господ ќе додели многу милости на оние кои веруваат.

Со ова не се истакнува некое магиско делување на остатоците, ниту пак посебна исцелителна моќ, туку се поттикнуваат верниците усрдно да се молат светиите преку нивното застапништов да ги застапуваат за нивните накани..

Ак преку застапништвото се случи лудо, Црквата нема за секое чудо посебно да зборува дека се случило чудо или пак дека некое друго не е, туку се остава на лично верување на услишаниот верник.

Посебни се случаите кога сака да се докаже светоста на одредена личност, кога преку посебен, многу исцрпна и темелна постапка службено се потврдува дали се случило чудо или не. За прогласување на светец се потребни 2 официјални потврди за чуда од страна на Црквата, и тогаш преку посебна постапка, таа личност се воздигнува за почитување.

Декретот потврдува дека кон моштите треба да се однесува со голема почит и достоинство. Тоа е кодифицирано во канонското право, според кое продажбата на мошти е строго забрането.

Во време на средниот век се случувале многу кражби, вандализми и разбивање на гробници како би се обезбедиле делови за продажба. Затоа многу цркви започнале да прават ризници како би ги зачувале моштите од оштетувања и обезвреднување. Католичката црква строго забранува одвојување или раскршување на моштите на мали делови, како би се користеле за литургиски или други цели.

Токму од тие причини многу цркви денес имаат ризници, во кои можат да се видат разни моштии од светци. Места со најмногу реликвии се катакомбите во Рим, посебно оние на свети Тарзициј (или наречени катакомби на свети Калист) за кои се грижат салезијанците, а во тие катакомби се наоѓаат посмртни останки на илјадници маченици и дури 16 папи.

Во науката на црквата моштиите се вбројуваат во облик на народни побожности, што значи дека служат за поголема поврзаност и посрдечна молитва на верниот народ. Најважно е да се знае дека моштиите се само продолжеток на литургијата, не нејзина замена. Така светата Литургија не може да биде заменета според нејзината сила од ниту едно почитување на моштии, кое се организира во црквата.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вера, Колумни

За авторот