Зошто Мајка Тереза инсистирала на секојдневно евхаристиско обожавање?

Зошто Мајка Тереза инсистирала на секојдневно евхаристиско обожавање?

Една од „тајните“ на плодното делување на Мајка Тереза била верноста на секојдневната молитва пред евхаристискиот Исус.

Мајка Тереза никогаш не се поколебала во своето уверување дека молитвата пред Исус е неопходна за нејзината работа меѓу најранливите луѓе во општеството,

Таа одржала силен говор пред присутните на Евхаристискиот конгрес во Филаделфија во 1976 година, каде што повторно го нагласила значењето на молитвата.

„За да можеме да живееме исполнет живот преку нашите четири завети, потребно е нашиот живот да биде проткаен со Евхаристијата. Затоа го започнуваме денот со Исус во Светата Евхаристија. Со Него продолжуваме понатаму. А кога навечер се враќаме, имаме еден час обожавање пред Исус во Пресветата Тајна.“

Мајка Тереза цврсто верувала дека токму времето поминато во обожавање ѝ помага уште повеќе да ги љуби сиромашните.

„Тоа нè зближи многу повеќе едни со други. Повеќе се сакаме, а покрај тоа мислам дека ги љубиме сиромашните со поголема и подлабока вера и љубов.“

Мисионерките на љубовта, кои таа ги основала, и денес ја продолжуваат оваа традиција. Тие секојдневно поминуваат време во молитва пред Исус во Пресветата Тајна.

Обожавањето пред Пресветата Тајна е темел на нивното служење меѓу сиромашните. За Мајка Тереза, љубовта кон најсиромашните не можела да се одвои од љубовта кон Христос присутен во Евхаристијата.

Таа била уверена дека оној што долго и верно останува пред Исус, учи да Го препознава истиот Христос и во лицата на сиромашните, болните, напуштените и заборавените.

ХКМ/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот