Златарите од Скопје го прославија својот патронат

Во понеделник 14 септември 2015 година на празникот Воздвижение на Светиот Крст, скопските златари го прославија својот патронат. Во 10.30 часот по нивна накана се служеше света Литургија во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, која ја предводеше скопскот викар дон Јошт Мезег.

Во својата проповед дон Мезег ја истакна важноста на крстот, на кој умре нашиот Спасител Исус Христос. Со своето понижување и страдање ја победи нашата смрт, а со своето воздвижение и нас нѐ воведува во небеската слава.

После литургиското славење златарите своето дружење го продолжиија со свечен ручек во центарот на градот.

к.мк/д.Д.Т.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот