Надбискупот од Салцбург Франц Лакнер прв пат како претседател на бискупската конференција на Австрија во понеделник 9 ноември 2020 година го отвори заседанието на австриските бискупи.
Поради пандемијата австриските бискупи наместо во Салцбург се собраа прв пат на видеоконференција, како би покажале одговорност во актуелната ситуација – истакнува надбискупот Лакнер.
Надбискупот додаде дека и во изминатите месеци бискупите неформално се советувале преку видеоконференција и стекнале искуство со таквиот начин на комуникација. Во склоп на ова четиридневно заседание ќе стане збор за последиците од пандемијата КОВИД – 19 врз црковниот живот, пасторал и каритативната работа. Важна точка е и општествената ситуација во земјата после терористичките напади во Виена минатата седмица, а на дневен ред е и енцикликата на папата Фрањо „Fratelli tutti”.
Со заклучоците од заседанието надбискупот Лакнер ќе ја запознае јавноста на конференција за новинарите во петок 13 ноември во 10 часот во големата сала Свети Стефан во Надбискупскиот двор во Виена, која е доволно голема за да им го овозможи на новинарите задолжително пропишаното растојание.
Ватикан њуз/к.мк