Започна постапката за прогласување на блажена и света на Кјара Љубик

Со свеченоста во катедралата во Фраскати со која претседаваше епископот Рафаел Мартинел на 27 јануари започна постапката за прогласување на блажена и света на Кјара Љубик основателка на Движењето на Фоколарите. Во текот на прославата епископот Мартинели рече дека црковниот суд е повикан да ги разгледа делата, доблестите и делата на Кјара Љубик. А Божјиот народ е повикан да даде свој придонес во молитвата, но исто така и во сведочењето. На церемонијата е прочитан и Декеретот за позапочнување на процесот. На територијата на епархијата Фраскати се наоѓа Меѓународниот центар на Движењето на Фоколарите во близина каде што Кјара Љубик го проживеала поголемиот дел од својот живот и починала на 14 март 2008 година.

Во пораката по повод започнувањето на каузата, папата Фрањо повика на Божјиот народ да му се помогне во запознавањето на животот и делото на Кјара Љубик која прифаќајќи го Господовиот повик за Црквата запалила ново светло на патот кон единството. Изрази исто така желба светлиот пример на животот на Кјара Љубик да побуди во верниците нова желба за верност на Христос.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот