Запалени две цркви за време на протестите во Чиле

Запалени две цркви за време на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени на 18 октомври во главниот град на Чиле, Сантијаго де Чиле во протестите на првата годишнина од смртоносните протести против конзервативната влада.

На улицата се собраа илјадници луѓе. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека се руши куполата на црквата Вознесение, една од најстарите во градот. Други ја покажуваат црквата Свети Фрањо Боргие во пламен.

Протестите започнаа мирно на „Плаци Италија“ позната и како „Плаца де ла Дигнидад“, но набрзо станаа насилни и покрај присуството на полицијата.

Чиле беше погоден од насилни протетсти кои го парализираат главниот град помеѓу 18 октомври и 30 ноември 2019 година. Оние кои протестираа бараа подобар пристап до здравствената заштита и образование и одделување од неолибералниот економски систем. Тогаш во протестите се убиени најмалку 30 луѓе, а полицијата е критикувана заради репресијата.

Протестите неодамна повторно избувнаа во пресрет на референдумот на 25 октомври на кој Чилеанците одлучуваат дали сакаат нов Устав, едно од клучните барања на демострантите. Сегашниот Устав од 1980 година датира од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот