Заедничката молитва е тајна на среќниот брак
„Ако двајца од вас се согласат на земјата да помолат нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец небесен“ (Мт 18,19).
Пред да започнат да молат со децата, сопружниците се повикани да молат заедно .Плодната брачна молитва е многу потешка отколку што навистина изгледа.
Во големо искушение паѓаме ако се откажеме од брачната молитива или ако ја сметаме како луксуз кој припага само на избраните.Тоа е така, затоа што како прво, тешко е да се биде истраен во молитвата. „Молитвата е фронт против замките на лукавиот кој прави сѐ, само за да го одврати човекот од молитва.“
„Како второ, затоа што деновите ни се исполнети до последната минута…… Кога човекот ќе успее да најде време за лична молитва , а потоа и за семејна, е тоа е веќе напредок!
За да постои брачна молитва, сопружниците треба прво да се сложат да молат заедно . Многу е полесно да се моли со децата отколку лице во лице со сопругот или сопругата, најчесто поради срамежливоста. Ако еден од сопружниците ја одбие брачната молитва, другиот може само да чека и да се надева.
Зошто сопружниците треба да молат заедно ?
Затоа што Господ тоа го радува : 1.Вашиот Небесен Отец се радува кога се воздигнува молитва од тие мали црквени станици кои Вие ги создавате.2. Исус Христос, кој со Вас склучи посебен сојуз на денот на вашата венчавка, среќен е ако може со вашите срца да ги дели похвалите кои живеат во Неговото срце. 3. Молитвата е извор на длабоко единство: Кога сите христијански брачни парови секојдневно би молеле заедно, сигурно е дека милоста на нивниот брак која ја сочинува верноста би била апсолутно заштитена.4. Заедничката молитва, без деца , не потсетува дека како прво сме брачен пар, а потоа и родители.
Колку што брачната молитва е поедноставна толку и се поголеми шансите дека ќе потрае. Прекумерно амбициозните одлуки најчесто остануваат нереализирани планови. Отец Јацлеус Марин, проповедник , полн со мудрост и милосрдие, има обичај да препорачи заедничка молитва со Оче нап и Радувај се Маријо секој ден. Тоа е толку просто и едноставно! Но тоа всушност менува сѐ .
Затоа што кои сакаат тоа можат да го направат. Лошиот дух, лажливецот сака да нѐ увери дека треба да правиме големи дела за да му се допаднеме на Господ. Па ни предлага неостварливи планови и битки. Господ од нас никогаш не бара комплицирани работи.Тој не повикува на верност и поверение.
Да застанеме пред Господ такви какви што сме. .Да одлучиме дека секое утро заеднички ке му го посветуваме денот што ни престои! Не е важно ако се разбудиме со лоша волја или не сме доволно расонети .
Мислиме дека нашата вечерна молитва ја расипува уморот од поминатиот ден.Наместо да сме мирни, ние се ќуствуваме нервозно и напнато, можеби дури сме и лути на брачниот другар!
Да се сетиме на зборовите на Исус „Здравите немаат потреба од лекар, а болните!“ (Мк 2,17). Не молиме затоа што сме во мир , молиме за Исус да ни го подаде неговиот мир. Нему се обраќаме затоа што нашиот брак е сиромашен и грешен, затоа што ТОЈ ни е потребен за да не научи да сакаме и простуваме; потребна ни е светлоста на Духот Божји за да го видиме брачниот другар со сета своја убавина како Божјо дете.
Брачната молитва ни овозможува целосно да му се предадеме на Господ, без изговори и исклучоци . Да му ги довериме сите ситници кои го сочинуваат нашиот живот, па дури и телесните и најпонизните работи. Огромните проблеми поради кои се чуствуваме затворени, малите секојдневни ,,гњаважи,, поради кои љубовта се „ троши “, нашите најпрозрачни потреби и нашата духовна жед. Прошката која мора да ја дадеме и да ја примиме, одлуките кои мора да ги донесеме, неизвесноста на иднината. Да му го предадеме со целосно поверение секое дете! Да ги ставиме во негови раце нивната земска и вечна иднина !
Да се помолиме за Црквата и за светот мислејки на неговото ветување: „Ако двајца од вас се согласат на земјата да помолат нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец небесен“ (Мт 18,19).
Битно нет/Ж.П.