Завршна света Литургија на Меѓународниот Евхаристиски конгрес

Завршна света Литургија на Меѓународниот Евхаристиски конгрес

Во Будимпешта во недела на 12 септември се одржува Завршната света Литургија на Меѓународниот Евхаристиски конгрес одржан под геслото „Сите извори мои се во тебе“ (Псалм 87,7). Свечената света Литургија ја предводи папата Фрањо.

Пред светата Литургија папата Фрањо во папамобилот помина на големиот Плоштад на хероите кој го претставува срцето на земјата со неговите најважни симболи: статуата на свети Стефан, првиот христијански цар на обединета Унгарија, Светата круна која му ја дал папата Силвестер како знак на потврда на најтесна врска со Светиот Престол, а потоа двојниот крст на христијанството заедно со статуите кои се спомен на седумте основачки племиња на Унгарија.

Токму на тој плоштад како што веќе се случило во 1938 година да заврши Меѓународен Евхаристиски конгрес. Тогаш светата Литургија ја служел папскиот легат кардиналот Еугенио Пачели, а денес папата Фрањо служи света Литургија со конотации Statio orbis во кои партикуларните Цркви се обединуваат во заедништво со Папата околу евхаристиското таинство за да продаблабочат своја вера. Затоа светата Литургија во Будимпешта ја има и димензијата на универзалност на Црквата.

На улиците на главниот град на Унгарија по кои поминуваше папамобилот во кој се возеше Папата се собраа мноштво граѓани, родители со деца, стари лица, монаси, монахињи, богослови, семинаристи, кои срдечно го поздравуваа Папата со гласни повици и со мавтање на унгарските знамиња и за спомен се фотографираа со своите паметни телефони. Светиот Отец радосен возвраќаше на верниците на поздравите, поделувајќи им благослов, а во еден момент побара да застане папамобилот се наведна и благослови едно мало дете кое после благословот нежно го бакна.

Меѓународниот Евхаристиски конгрес во Будимпешта требаше да се одржи во 2020 година, но е одложен заради пандемијата со коронавирусот. Во програмата на Конгресот учествуваа повеќе од 25 кардинали и епископи кои ги предводеа молитвите и одржаа катехези, работилници и сведоштва. (…)

На крајот од светата Литургија Папата ја предводи молитвата Ангел Господов, а потоа од аеродромот во Будимпешта со истиот авион Алиталија со кој допатува во главниот град на Унгарија ќе замине за Братислава.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот