Заврши состанокот на Кардиналскиот совет коj се одржа од вторник,1. до четврток, 19 Септември, соопшти Kанцеларијата за печат на Светитот Престол.На состанокот присуствуваа кардиналите: Пиетро Паролин, Оскар Андрес Родригез Марадијага, СДБ, Реинхард Маркс, Сеан Патрик О`Малеј, ОФМ Кап, Џузепе Бертело и Освалд Грасијас. Покрај нив присуствуваа и секретарот на Кардиналскиот совет, монс. Марчело Семераро и помошник секретарот надбискупот Марко Мелино.
Светиот Отец учествуваше во работата на Кардиналскиот совет во согласност со неговите обврски. Работните состаноци се одржуваа наутро од 9.00 до 12.30 часот и попладне од 16.30 до 19.00 часот и завршија на 19 Септември 2019 во 12.00 часот.
Како што беше предвидено, во фокусот на работата на овој состанок беше повторно читање и измена на нацртот на новата Апостолска конституција заснована врз големиот број прилози од епископските конференции, прецизните забелешки од дикастериите на Римската курија и сугестиите кои ги дадоа одредени тела.
Следниот состанок на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 2 до 4 Декември 2019 година.
Ватикан њуз/к.мк