Заврши 23. седница на Кардиналскиот совет

Заврши 23. седница на Кардиналскиот совет

Теолошкиот статут на бискупските конференции, човечките ресурси, редуцирање на трошоците во работата на Светиот Престол и заштита на малолетниците, се главните теми за кои разговараше Кардиналскиот совет за време на својата 23. седница. Во соопштението кое го објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол стои дека на тридневниот состанок учествувале сите членови на советот, освен кардинал Џорџ Пел. Самиот Папа учествувал на состаноците во понеделник, вторник, додека во среда бил отсутен поради Генералната аудиенција.

Во соопштението стои дека се разговарало за теолошките статути на бискупските конференции, врз основа на Папскиот поттик „Evangelii gaudium“, во кој стои дека „правната положба на бискупските конференции, кои се сметаат за носители на конкретни работи, вклучувајќи така и одреден доктринарен авторитет, сѐ уште не е доволно разработен и појаснет. Претераната централизација, наместо да помогне, го комплицира животот на Црквата и нејзината мисионерска активност“(EG 32). Кардиналите се согласни повторно да го разгледаат мотопроприото на светиот папа Иван Павле II. „Apostolos suos“ во духот на здрава децентрализација за која често зборува папата Фрањо, истакнувајќи дека Господ е тој кој го чува единството во Црквата.

Кардиналите исто така се информираа за извештајот на надбискупот Јан Ромео Павловски за напредокот кои го оствари третиот оддел на Државниот секретаријат при Светиот Престол, а кој неодамна е формиран со цел формација на дипломатскиот персонал. Кардинал Рајнхард Маркс, координатор на Советот за економија, зборуваше пак за работата во поглед на човечките ресурси, за напредокот на оствареното, ограничувањето на трошоците и намалување на дефицитот на Светиот Престол.

Кардиналите освен тоа разговараа и за новите опции во Конгрегацијата за наука на вера, како оваа дикастерија би била во можност што побрзо да ги решава случаите од морална природа. Понатаму кардинал Петер Турксон пред Кардиналскиот совет го претстави извештајот за работата на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој. На крајот кардиналите разговараа и за Конгрегацијата за Источни цркви, како и за Конгрегацијата за евангелизација на народите.

Следната средба на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 23-25 април оваа година

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот