Забраната за абортус му го спасил животот на Роналдо

„Сакав да абортирам, но Бог сакаше друго. Беше непосакувано бебе, но ми даде многу среќа во животот“, вели неговата мајка  Долорес.

Мајката на Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, не сакала да го роди и се обидела да изврши абортус, открива во документарниот филм за португалската фудубалска ѕвезда.

Во филмот кој го прикажува сложениот живот на фудбалерот, неговата мајка Долорес признава дека Роналдо  било дете кое не го посакавула. Во тоа време нејзиниот сопруг постојано пиел и односот меѓу нив бил многу лош поради што завршила на седативи. Веќе имала три деца и четвртото ѝ се чинело како нешто што не може да го „издржи“.

Во својата рана објавена автобиографија, Долорес Авеиро напишала дека по совет на една сосетка посегнала за еден „домашен“ метод  кој требало да изврши абортус затоа што во тоа време абортирањето во Португалија било забрането. За среќа, ништо не се случило, а во февруари 1985 година се роди Кристијано Роналдо.

Александер Луцие – Смит, колумнист во The Catholic Herald забележа една многу важна работа. Во тоа време, абортусот во Португалија бил забранет освен во некои исклучителни случаи (загрозување на животот на мајката, тешка деформација на зачнатото дете…). Гинекологот на мајката на Роналдо не сакал да направи абортус и поради тој негов чин, Роналдо може да му заблагодари за животот.

„Денес, некоја Португалка која е во слична ситуација како Долорес некогаш, би била пратена на абортус без никакви прашања (абортирањето во Португалија е легализиран во 2007). За среќа на Роналдо и фудбалските фанови од целиот свет, така не било и во 1984 година. Заклучкот е јасен: рестриктивниот закон во врска со абортирањето спасува живот“ – пишува колумнистот.

Забраната за абортурирање, никако не може да биде опишана, како нешто што „не може да донесе ништо добро“ (став кој го делат и многу политичари). Ништо добро? Прашајте го Роналдо, фудбалескиот гениј кој за малку немаше да биде роден и милионите љубители на фудбалот од целиот свет.

Исто така, треба да се нагласи феминистичкиот аргумент за забраната на абортусот дека неминовно доведува до зголемување на стапката на смртност на мајките, но тоа веќе одамана е доведено во прашање поради истражувањата кои покажуваат дека не мора да биде така.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот