За Малахиј, последниот Папа и Судниот ден

Откако пред неколку месеци преживеавме крај на светот според пророштвото на древните Маи, човештвото е соочено со уште едно пророштво, кое исто така претставува „опасност“ од прв ред.

Повлекувањето на Големиот папа Бендикт XVI предизивка голем интерес на медиумите. Со тоа се отворија разни анализи и коментари. Но некои медиуми отидоа подалеку и посегнаа по средновековните пророштва. Голем е интересот за пророштвата на свети Малахиј. Имено според ова пророштво папата Бенедикт е претпоследниот папа, последниот е Петар Римски и со неговото заминување ќе настапи Судниот ден. Не помалку се спомнува и пророштвото на Нострадамус за „црниот папа“.

Но да ги видиме пророштвото и да заклучиме дали ќе го преживееме?!

 При овие пророштво намерно или ненамрено се „прекриваат“ некои факти кои говорат за широкиот опсег на можното толкување на нив. Но како и да е да започнеме со сиромашните „податоци“ од овие пророштва.

Според пророштвата препишани на Малахиј последниот папа ќе биде 277 по ред. Според Црквата пак папата Бенедикт XVI е 265 папа по ред, односно 264 Петров наследник. Значи до денот „икс“ има уште време…

Пророштвото на Малахиј говори за папа “Gloria Olivae” (Славна Маслинка), и се толкува дека овој папа е токму Бендикт XVI, бидејќи според едно од толкувањето е роден на празникот Цветници, празник кој за симбол го има маслиновата гранка. Второто толкување се врзува за бенедектинците.

Не треба да се заборави фактот дека папата Бендикт XVI е роден на 16 април 1927 година, на Велика Сабота, бидејќи таа година Велигден се славел на 17 април, според тоа празникот Цветници бил на 10 април. Според ова пророштвото промашило, освен ако за пророштвото не се користи некој друг календар, можеби оној на маите… Ова пророштво не се исполнува. Исто така ако се земе фактот дека миланскиот архиепископ кардинал Мартини, кој беше еден од фаворитите за избор на папа во 2005 година, на својот епископски грб како сибмол ја имаше маслиновата гранка, тогаш заклучуваме колку е голем опсегот за толкување на овие пророштва. Ова само ни потврдува дека ова е многу повеќе нагодувања одошто толкување на пророштва.

И за крај уште еден податок кој се премолчува од пророштвата кои некој сака да му ги ветне на Малахиј, а тоа е дека дава листа на 112 идни папи по редни броеви од 1 до 111 додека за „последниот“ папа Петар Римски е изоставен редниот број, што остава простор за разни нагодувања. Дали меѓу нив има уште папи…? Од тука можеме да го извлечиме истиот заклучок: толкувањата имаат голем опсег и во нив се зборува премногу опширно.

Дали Петар Римски ќе биде некој Петар, а со тоа што е можеби италијанец, ќе се погоди и пророштвото за римјанин, или ќе биде некој кој струдирал во Рим, како што е на пример кардинал Туркосн, а се вика и Петар, а одговара на пророштвата и на Малахиј и на Носатрдамус. Или пак можеби на некој друг Петар….

А за „црниот папа“ и пророштвото на Нострадамус нема да ви пишувам.

Сепак вистината е друга. Малахиј е историска личност, која што Црквата го канонизира за светец. Но пророштвата кои му се препишуваат излегуваат на виделина, наводно во 16 век, иако нема оргинали од нив. Но за да биде приказната поавтентична му се препишуваат на овој прекрасен светец.

А кога ќе дојде крајот на светот? Христос ни дава јасен одговор во евангелието од Матеј: А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само мојот Отец. (24,36)

(go*ko)

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<