На празникот Успение на Пресвета Богородица, папата Фрањо на Марија Утешителка на тажните ја довери жалоста и страдањето на сите кои трпат. Посебно ја спомна трагедијата која се случи во Џенова каде се сруши еден мост.
После молитвата Ангел Господов, Папата посебно ги спомна оние кои ги погоди трагедијата која се случи во Џенова, на 14 август.
„Драги браќа и сестри, на Марија Утешителка на тажните која денес ја гледаме во рајската слава сакам да ја доверам вознемиреноста и маките на оние кои во голем број краишта во светот страдаат во телото и во духот. Нека нашата небесна Мајка измоли на сите утеха, храброст и мир.
Посебно мислам на оние кои се погодени од вчерашната трагедија во Џенова, во која имаше жртви и која во населението предизвика збунетост. Доверувајќи ги на Божјото милосрдие луѓето кои го загубија животот, ја изразувам својата духовна близина на нивните семејства, на ранетите, на оние кои се присилени да ги напуштат своите домови и на сите оние кои стрдаат заради овој драматичен настан. Ве повикувам да ми се придружите во молитвата за жртвите и за нивните сакани; да измолиме заедно Радувај се Маријо;
Ватикан њуз/к.мк