Жалењето пред Бог е искрена молитва

Ватикан, 5.6.2013 /к.мк/ – Да се жалиш пред Бог заради своето страдање не е грев туку искрена молитва која стигнува до Бог – рече Светиот Отец во проповедта на претпладневна Литургија во среда 5 јуни во капелата на домот Света Марта, на која учествуваа  претставници од Конгрегацијата за Свети Тајни и од Ватиканската апостолска библиотека. Со Папата меѓу останатите сослужуваа кардинал Антонио Канизарес Ловера, одговорен на Конгрегацијата за Свети тајни, монсињор Чесаре Пасини префект на Ватиканската апостолска библиотека и монсињор Јосеф Ди Ноија.
Библискиот настан за Товиј и Сара, за која зборуваше првото литургиско читање, беше центарот на проповедта на Папата: двајца праведници живеат во безнадежна ситуација. Товиj ослепел, иако правел добри дела, при тоа ризикувајќи си го и животот. Сара била свршена за седум мажи кои умирале пред венчавката. И едниот и другиот во својата тешка болка го молат Бог да им подари смрт. И двајцата се во многу тешки животни услови, под нормалните услови за живеење и бараат излез. Страдаат но не проколнуваат, не пцујат –  рече Папата, објаснувајќи:
„Не е грев да му се жалиш на Бог. Познавам свештеник кој на жената кога се жали пред Бог поради својата несреќа и рекол: Госпоѓо и тоа е молитва. Господ слуша, го слуша нашиот крик. Поради заканите од „големите“ , на пример Јов, кој вели: „Проклет да е денот кога сум се родил“. Исто така и пророк Јеремија, во дваесетата глава вели: „Проклет ден…“ Се жалат проколнувајќи, но не Господ, туку состојбата во која се нашле, зар не? Па тоа е и човечки – истакна Светиот Отец.
Голем број луѓе живеат во многу драматични околности: прегладнети деца, бегалци, тешко болни. Денешното Евангели зборува за садукеите кои на Исус му ја претставуваат жената на која и умреле седум мажи. Не зборувале за неа со љубов. Зборувале за таа жена како за некоја анти заразна лабараторија, целосно заштитени… Се работело за морален случај. Ние, кога размислуваме за тие луѓе кои многу страдат, дали мислиме дека тоа се морални случаи, чиста идеја, а во овој случај…, овој случај…, или размислуваме со срцето исто така и со своето тело? Не ми е мило кога за тие ситуации се зборува акдемск, а не човечки, понекогаш и статистички, и се е во тоа. Во Црквата имаме многу луѓе кои се наоѓаат во безнадежни ситуации – рече Папата додавајќи:
Во тие случаи треба да се направи тоа што Исус го направил, да се молиш: Да се молиш за таа личност. Тие треба да влезат во моето срце, мора да ме вознемируваат: мојот брат страда, мојата сестра страда. Во тоа е и тајната на заедништвото на светците: да му се молат на Бог: Погледни Господи, оној: плаче, трпи. Молете, дозволете ми да кажам, со тело, нека моли нашето тело . Не со идеите. Молете со срце – истакна Папата Фрањо.
Молитвите на Товиј и Сара не охрабруваат и нас, кои иако пред тоа сакале да умрат, обракајќи се кон Бог – истакна Папата- Бог ги услишува, не и праќа смрт, туку Товиј оздравува, а Сара конечно ќе добие маж. Молитвата секогаш стигнува до Божјата слава, секогаш, ако е молитва од срце. Напротив, ако е некој морален случај, како овој за кој зборуваат садукеите, никогаш не стигнува, бидејќи никогаш не излегува од нас: ние не сме заинтересирани. Тоа е само интелектуална игра – забележа Папата и повика на молитва за сите кои живеат во драматични околности и кои многу страдаат, како што Исус извика од крстот: Оче мој, Оче мој, зошто ме остави! Да молиме нашата молитва да стигне на вистинската адреса и за сите нас да биде еден зрак на надеж – заклучи Папата Фрањо.

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<