Епископот Стојанов сослужуваше на прославата по повод 25 години од хиротонијата на монсињор Џуџар

Епископот Стојанов сослужуваше на прославата по повод 25 години од хиротонијата на монсињор Џуџар

Во четврток 19 март 2026 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во катедралата „Свети Никола“ во Руски Крстур сослужуваше на светата Литургија по повод 25 годишнината од хиротонијата на монсињор Георги Џуџар, епарх во Руски Крстур.  Епископот Стојанов беше придружуван од отец Тони Ангелов.

Покрај епископот Стојанов на светата Литургија сослужуваа Апостолскиот нунциј во Србија Санто Роко Гангеми, голем број епископи и свештеници, чесни сестри од Србија и регионот, како и претставници од сите парохии во епархијата.

На свеченоста пееше црковниот хор од Куцура.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот