Епископот Стојанов упати честитка до сестрите Василијанки по повод 100 години од нивното основање
Епископот Стојанов на 15 јули 2020 година упати писмо со честитки до провинцијалната сестра Дарија повод 100 годишнината од основањето на монашката заедница на сестрите Василијанки од провинцијата „Свети архангел Михаил“. Во честитката епископот Стојанов посакува „милосрдниот Господ и Вашиот небесен заштитник да Ве следи на вашиот пат на служење на Црквата.“
Честитката епископот Стојанов ја упатува и во име на свештениците од Скопската бискупија и Струмичко – скопската епархија, богопосветените лица и верниците на Католичката црква во Македонија.
к.мк