Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во четврток 21 август 2025 година упати повик до свештениците и верниот народ да се соедини во молитва со Црквата ширум светот, по повод „Денот за пост и молитва“, на кој повика светиот Отец, папата Лав XIV за време на Генералната аудиенција оваа среда. Имено петок, 22 август, папата Лав го прогласи да биде Ден на молитва и пост за мир во светот.
Додека во многу делови од светот се водат војни, (…) а на политичката сцена се појавуваат срамежливи иницијативи за мир, ние христијаните, сме повикани да бидеме носители на надежта – пишува монсињор Стојанов.
Со зборови на охрабрување, епископот Стојанов ги повикува свештениците, заедно со Божјиот народ, според дадените можности, да се приклучат на молитвени моменти и евхаристиско славење во парохиските цркви, молејќи за мир и помирување меѓу народите, сите вооружени конфликти да запрат.
к.мк