Епископот Стојанов на празникот Свети пророк Илија ќе служи архиерејска Литургија во Радово
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов на патрониот празник на парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово, во петок 2 август 2024 година со почеток во 9.00 часот, ќе служи света архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Епархијата и Бискупијата.
По завршувањето на светата Литургија епископот Стојанов ќе го благослови заедничкото Агапе, кое го подговуваат одборниците при парохијата во Радово.
Од светата Литургија Радио Марија ќе врши директен пренос.
к.мк