Епископот Стојанов за Велигден служеше во Чанаклија и Радово

Епископот Стојанов за Велигден служеше во Чанаклија и Радово

На 16 април 2023 година, првиот ден од празникот Воскресение Христово – Велигден, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во црквата „Свети великомаченик Ѓорги“ во Чанаклија. Со епископот на светата Литургија сослужуваа парохот о. Ванчо Назов, о. Горги Појразов, парох во Петралинци и  патер Марјан Бешлиќ, капелан во Скопската катедрала.

Покрај верниот народ на свечената света Литургија присуствуваше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во придружба на претседателот на советот на општината Ристо Делијанов.

Следниот ден, Светол Понеделник, 17 април 2023 година – втор ден Велигден, епископот Стојанов служеше света археирејска Литургија во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово, на која сослужуваа деканот на деканатот „Свети Кирил и Методиј“, директор на Македонски Каритас и ректор на богородичното светилиште во Паљурци,  о. д-р Зоран И. Стојанов, парохот о. Илија Стојанов и капеланот о. Атанас Сирачев.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот