Епископот Стојанов: Да бидеме плодородни во духовните звања

Епископот Стојанов: Да бидеме плодородни во духовните звања

Во Скопје се одржа духовна обнова за Бога посветените лица од Скопска бискупија и Струмичко- скопска епархија, а по повод Денот на Бога посветените лица

Во сабота 4 февруари 2023 година во просториите на катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа духовна обнова, а во склоп на прославата на Денот на Бога посветените лица. На духовната обнова, покрај бискупот Стојанов присуствуваа свештеници од Скопска бискупија и Струмичко- скопска епархија, чесните Сестри Евхаристинки, сестрите Усмиленки, сестрите Мисионерки на љубовта и Фоколарините.

Средбата ја отвори бискупот Стојанов, обраќајќи им се на присутните, а понатамошниот дел од духовната обнова го водеше отец Марјан Бешлиќ, кој одржа духовен наговор.

Отворајќи ја средбата бискупот Стојанов, најпрво ги поздрави присутните поставувајќи го прашањето зошто на празникот Свеќница, Црквата го слави Денот на Бога посветените лица. Но пред да одговори на прашањето бискупот Стојанов се осврна на Избраниот народ и неговиот однос со Бога.

Тој истакна дека Избраниот народ се оддалечил од Бог и заборавил дека Бог патува со својот народ, Бог е со нас, а почитувањето на Бога во Храмот го претвориле во институција до таа мера што Исус пред своите страданија го чисти Храмот, давајќи до знаење дека го претвориле во разбојничко гнездо и додаде: Кога верата, и нашата, заборава дека е дар директно од Бога за мене како личност, тогаш постои опасност и нашиот верски живот да биде институција. Евангелието да го замениме со закон, а својата харизма на посветениот живот со својата конституција. Никој не се противи ниту на законот како таков ниту на конституциите како такви меѓутоа и законот и конституцијата ако се пишувани без Светиот Дух кој ги оживува и вдахнува стануваат крута градба и камен без светлина и топлина.

Понатаму бискупот Стојанов го даде и одговорот на прашањето зошто Црквата на овој ден го посветува на лицата на Бога посветениот живот. Прва причина е – рече тој- да се прикажеме на Бога во неговата Црква и да бидеме сведоци и навестители (завештатели), послушни на Бога Отецот. Втора причина е да се биде во светост на животот како Симеон и Ана, повикувајќи ги заеднички да размислуваат за ликовите на праведниот Симеон и пророчица Ана, кои ни откриваат три важни факти за посветениот живот, а тоа се: живот прикажан на Бога, живот исполнет со Светиот Дух и живот на постојана молитва и служење. Епископот Стојанов истакна дека лице на Бога посветениот живот чие звање не е молитва, престанува да биде лице на посветениот живот.

Исто така бискупот Стојанов се осврна на ликовите на Пресвета Богородица и света Мајка Тереза, кој пак се молеше да Бог не и допушти ниту еден ден без страданија. Посветениот живот во себе го носи тој знак на спасение за многумина, но и знак на противење посебно денес кога светот не сака да го прифати Христос.

Месечната молитвена на накана на бискупот Стојанов за месец февруари 2023 година е посветена на духовните звања, упати серија прашања за размислувања во однос на личниот придонес за духовните звања.

Во контекст на духовните звања епископот Стојанов повика да се следи примерот на нашата Небесна Мајка Марија, апостолот на народите свети Павле, света Мајка Тереза, да погледнеме животот на своите основатели, а свештениците на првиот и вечен свештеник Исус Христос. За да се придонесе за духовните звања потребно е да молиме до Господа Бога и да го искажеме нашето задоволство, радост и восхит тоа што сме, да бидеме пример на автентичен свештенички и монашки живот. Да се потрудиме и уште повеќе да настојуваме да бидеме такви за да бидеме и плодородни во духовните звања – рече монс. Стојанов

На крајот од своето обраќање до Бога посветените лица се осврна на Епископската синода: „За една синодална Црква: заедништво, учество, послание“ при што рече: Сакам да изразам благодарнсот на овој заеднички од, а тоа го симболизираме и денес со оваа наше духовно заедништво и учество на Денот на Бога посветените лица, но воедно и посланието кое го вршиме таму каде Божјата провидност не поставила. Посакувам да продолжиме и во иднина со уште поголем ентузијазам за лично и општо добро. Во сето тоа нека не крепи Марија Мајка на Црквата, а по нејзино застапништво секогаш и насекаде нека нé прати Божјиот благослов“.

Во склоп на средбата следуваше Обожавање на Светата Причест во Олтарската Пресвета Тајна, можност за света Исповед, света Евхаристија, а средбата заврши со заедничко агапе.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот