Епископот Стојанов го предводеше Крстниот пат во Паљурци

Епископот Стојанов го предводеше Крстниот пат во Паљурци

На Лазарова сабота, 27 април 2024 година во Паљурци, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов го предводеше Крстниот пат, на кој присуствуваа свештеници, чесни сестри и верници од Струмичко – скопската епархија и Скопската бискупија.

Побожноста започна на местото каде што некогаш се наоѓало селото Паљурци и во близина на темелите на парохиската црква Свети Ѓорги, а со молитва и духовни песни верниците пристигнаа во црквата Богородица Утешителка на Чуката, верници од различни парохии ги носеа иконите од постојките и Крстот. Во црквата епископот Стојанов ја измоли завршната молитва, а потоа тој упати зборови на охрабрување.

Во таа прилика владиката Стојанов изрази благодарност до верниците кои беа во голем број, како и до организаторите на Крстниот пат, протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов, ректор на светилиштетот во Паљурци и протојереј ставрофор Тома Ангелов, парох во Богданци, но и на сите оние кои придонесоа во организацијата на оваа побожност.

На крајот монсињор Стојанов посака Мајка Божја Утешителка сите да нѐ утешува и застапува за нашите потреби кај нејзиниот Син, Господ Исус Христос и да нѐ придружува со неговиот благослов.

По завршувањето на Крстниот пат следуваше заедништво и дружење.

к.мк

Повеќе фотографии на Facebook

Категорија: Вести, Македонија

За авторот