Епископот Стојанов служеше света архиерејска Литургија по повод 30 години од Неокатехуменскиот пат во Македонија, а пред почетокот на евхаристиското славење ги затвори јубилејните врати во Струмичката катедрала
Во сабота, 20 декември 2025 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, служеше света архиерејска Литургија по повод 30 години од присуството на Неокатехуменскиот пат во Македонија. Со епископот сослужуваа свештеници од Струмичко-скопска епархија, Скопска бискупија и Неокатехуменскиот пат.
Пред почетокот на евхаристиското славење, бискупот го изврши обредот на Затворање на јубилејните врати, истакнувајќи ја благодарноста на Црквата за дарот на потполниот опрост и искуството на Божјото милосрдие доживеано преку Светите Тајни, ходочестијата, молитвата и љубовта. Тој ги охрабри верниците, зајакнати од јубилејното искуство, да ја задржат радоста од средбата со Христос и да продолжат да сведочат за верниот Бог.
На светата Литургија присуствуваа заедници од Неокатехуменскиот пат од Струмица, Скопје, Хрватска како и од Ад Гентес мисијата во Куманово. Пред почетокот на светата Литургија Марија Грација упати зборови на благодарност.
За време на проповедта епископот Стојанов се осврна на посланието на Неокатехуменскиот пат во Македонија во овие 30 години, потсетувајќи на почетоците, но и плодовите
На крајот отец Томаш Бак во име на Неокатехуменскиот пат се заблагодари на епископот Стојанов за неговата татковска грижа и поддршката која ја дава.
к.мк

