Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов учествува на состанокот на Источните католички епископи, кој ќе трае од 12 до 14 септември 2019 година во Рим.
Источните католички Цркви во Европа се повикани на патување со љубов – истакна кардинал Леонардо Сандри, говорејќи на состанокот на Источно католичките Цркви, кој е во организација на Епископските конференции на Европа. Состанокот се одржува во украинскиот колегиум Свети Јозафат, а е фокусиран на тема: Екуменската мисија на Источните католички Цркви во Европа
Тој екуменизам, додава префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви, претставува посебен предизвик, посебно во Европа, во која постојат многу екуменски можности, но и многу пречки.
к.мк
Фото: Радован Андрејко