Епископот рекол дека е свесен, дека неговата порака е различна од онаа која сите ја очекуват, но христијанската порака е токму таква.
„Бог ве сака. Насилните и смртоносни злосторства кои сте ги направиле се одвратни и гнасни, но БОГ ВАС ВЕ САКА.“
Ова е дел од пораката која епископот на Коптската Црква во Велика Британија, Ангелос ја упати до исламистичките терористи кои неодамна го нападнаа автобусот полн со поклоници копти во Египет и убија 28 луѓе, меѓу нив и деца. Но, не само до нив, туку и до сите други терористи.
Во пораката објавена на страницата на Коптската Црква во Британија пишува дека епископот во минатото се обраќал на жртвите од терористичките напади и на нивните семејства. Овој пат, продолжува, сака да се обрати на сторителите на злото.
„Бог, е ваш создател, ве сака затоа што ве создал на своја слика и според свој план и ве спуштил на земјата поради многу големи работи, во согласност со планот за целото човештво. Ве сакам и јас и милиони луѓе како мене, не поради тоа што правите, туку поради тоа што сте преубави Божји созданија, Оној кој нѐ создал со иста човечност како и сите. Ве сакам и јас и луѓето како мене веруваме во преобракање“, напишал Ангелос и појаснил на каква промена мисли:
„Преобраќањето кое е суштината на христијанската порака, затоа што низ вековите гледаме многумина кои се промениле, од оние кои го прогонувале Христа во христијани кои живеат во милост. Веруваме во тоа преобраќање затоа што секојдневно го искусуваме кога животот со човечките слабости и гревови го менуваме во живот на сила и праведност. Веруваме во преобраќањето затоа што пораката на крстот и воскресението на Исус Христос е посветена на ослободување на човекот од оковите на гревот и смртта во слобода на добрина и живот вечен. Нашиот свет секако дека страда од човековата скршеност, но наша е и одговорноста, лична и индивидуална, да ги охрабриме и поттикнуваме сите оние кои ги среќаваме во животот на убавините и светоста, љубовта и простувањето.“
Владиката додал и дека е свесен дека неговата порака е поразлична од другите, но христијанската порака е токму таква:
„Да се гледа на светот околу нас како што тоа Бог го прави, Оној кој сите нѐ сака и кој сака сите да бидеме слободни преку Него.“
Епископот напишал и дека жали поради сите оние кои ги загубиле животите, семејствата кои ги оплакуваат и кои се погодени од терористичките напади.
„Но, жалам и поради сите оние млади луѓе кои мислат дека е нешто величенствено да се одзема животот на други млади луѓе… Жалам поради сите оние кои сметаат дека победоносно ќе влезат во автобусот и ќе убиваат луѓе и деца, мажи и жени затоа што одбиваат да се откажат од својата вера, како што видовме што се случи во Египет“, порачал Ангелос.
Коптскиот епископ напишал и дека нема сомнеж дека овие напади доаѓаат од недостатокот на разбирање на светоста на човековиот живот.
Неговата порака е во согласност со духовноста на Коптите, египетските христијани кои со векови се прогонувани и мачени, но ја задржале мирољубивоста и евангелската доследност во одбивање на возвраќање на злото со зло.
Битно.нет/к.мк