Папата Фрањо ги повикува поглаварите на Црквите од различни конфесии да му се придружат на екуменската молитва на 30 септември, заеднички доверувајќи му ја на Светиот Дух работата на 16. редовно Генерално Собрание на Синодата.
Папата Фрањо ќе го предводи екуменското молитвено бдение пред претстојното Генерално собрание на Синодата, кое ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во сабота, 30 септември.
На ова молитвено бдение ќе присуствува и вселенскиот цариградски патријарх Вартоломеј I; надбискупот од Кентербери Џастин Велби и многу други црковни поглавари, како и илјадници христијани од различни конфесии.
Молитвеното бдение во сабота навечер, има за цел да му ја довери на Светиот Дух работата на 16. Генерално собрание на Синодата, која ќе се одржи во Ватикан од 4 до 29 октомври, и ќе вклучува слушање на Божјото Слово, пофалби и застапништво, песни од Тезе и моменти на тишина.
Настанот ќе се пренесува во живо
Ватиканските медиуми ова екуменско бдение ќе вршат директен пренос преку својот канал на YouTube, со превод на осум различни јазици.
Според соопштението за печатот што го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник, пред саботното молитвено бдение, од 17 до 18 часот, ќе се одржи благодарно славење кое ќе се концентрира на четири дарови, имено, благодарност за дарот на единство и за синодалното патување; дарот на другиот; дарот на мирот; и дарот на Создавањето.
Додека Црквите го слават времето на создавањето, плоштадот Свети Петар исто така ќе биде полн, со дрвја и цвеќиња, а ќе биде поставен и крстот Сан Дамјано на Свети Фрањо.
Млад свет обединет во молитва
Илјадници млади возрасни лица од различни земји ќе учествуваат на работилници и средби кои ќе се одржуваат во Рим, од 29 септември до 1 октомври, а ќе бидат вклучени и во екуменското молитвено бдение во сабота и, претходно попладнето на богослужбата и славењето во базиликата Свети Иван Латерански.
Темите на работилницата за млади возрасни вклучуваат слушање од бегалците за нивните искуства, учење од други деноминации и вери, посета на работата на градските мисии кај маргинализираните, препознавање на Христос во различноста на нашите традиции, екуменски панел дискусии и грижа за созданието.
Во истиот дух, повеќе од 200 заеднички молитви се организирани ширум светот, на 30 септември или околу овој термин, при што христијаните од различни цркви молат и размислуваат заедно во нивните земји.
Ватикан њуз/к.мк