Единствениот кој ни дава одново да се родиме е Исус Христос. Никој друг. Од таа причина не треба да се плаќа ништо – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција која се одржа на плоштадот Свети Петар на 28 март 2018 година.
Светиот Отец во својата денешна катехеза размислуваше за светата пасхална тродневница која започнува со Миса Вечера Господова во четврток навечер, а завршува на Велигден. Папата рече дека христијаните се повикани да го живеат таинството на Исусовата смрт и воскресение како матрица за својот личен и заеднички живот.
Папата Фрањо напомена дека врвот на христијанската литургиска година се прогласува на светата Литургија на Велигден во секвенцата: „Ми восрескна андежта, Христос, мојот Господ и сѐ мое; ќе биде пред вас таму каде што е светна Галилеја.“ Тоа е голема потврда: Христос воскресна. Светиот Отец објасни дека кај многу народи во светот, посебно во Источна Европа, луѓето за време на велигденските денови не се поздравуваат со „добар ден“ и „добра вечер“, туку со „Христос воскресна“ за да го потврдат големиот велигденски поздрав. Во тие зборови „Христос воскресна“ зборови на искрена радост, тродневницата го доживува својот врв. Тоа истовремено го нарече радост и надеж и повик на одговорност и послание.
Напомена дека пасхалната тродневница не завршува со велигденскиот голуб (tal. colomba), со велигденските јајца, со празниците затоа што по Велигден започнува посланието кое е вдахнато од навестувањето „Христос воскресна.“ Тоа навестување е во центарот на нашата вера и надеж. Единствениот кој ни дава одново да се родиме е Исус Христос, никој друг – истакна папата Фрањо и продолжи: Од таа причина не треба да се плаќа ништо затоа што оправдувањето е бесплатно. И тоа е големината на Исусовата љубов: дава бесплатно живот за да нè направи светци, за да нè обнови, за да ни прости. И тоа е сржта на оваа пасхална тродневница.
Светиот Отец покрај тоа рече дека пасхалната тродневница ја обновува во крстените смислата на нивната нова состојба која апостолот Павле ја изразува на следниот начин: „Ако сте воскреснале заедно со Христа, (…) мислете за небесното, а не за земното.“ (Колосјани 3, 1-2) Во Крштението воскреснавме заедно со Христа и сме умреле за работите и логиката на овој свет; се раѓаме како нови созданија – истакна Папата додавајќи дека таа нова состојба треба да се живее конкретно од ден во ден.
Ако христијанинот навистина дозволи Христос да го измие и да го соблече од него „стариот човек“ за да оди во нов живот, дури и ако остане грешник, не може да биде расипан. Христијанинот повеќе не може да живее со смртта во својата душа, ниту може да биде причина за смрт – истакна Папата и потоа ја искористи приликата да предупреди на наводните христијани кои велат: „Исус воскресна“, „Исус ме оправда“, во нов живот сум, но живеат расипан живот. Тие наводни христијани ќе завршат лошо! – рече Светиот Отец.
Вистина е дека сите христијани се грешници, па и тој самиот, но имаме сигурност дека Господ ќе ни прости кога ќе го замолиме за прошка. Корумпираниот пак се прави дека е чесен човек, но во неговото срце е гнилеж. Исус ни дава нов живот – рече папата Фрањо и повторно нагласи дека христијанинот не може да живее со смртта во својата душа, ниту може да биде причина за смрт. Да се сетиме само на т.н. „христијански мафијаши“ – рече Светиот Отец и предупреди дека тие немаат ништо христијанско. Се нарекуваат христијани, но носат смрт во срцето и ја донесуваат на другите – рече Папата и повика на молитва за нив Господ да ја допре нивната душа.
Напомена дека потоа светот станува простор за да ги живееме нашите нови животи како воскреснати. Воскреснавме заедно со Христос: стоејќи со високо подигнати глави можеме да го делиме понижувањето на оние кои денес како Исус и понатаму трпат, оние кои се голи, во потреба, кои трпат осаменост и смрт – рече Папата и додаде дека благодарение на Исус и со Него можеме да станеме оружје на откупувањето и надежта, како и знаци на животот и воскресението.
Папата Фрањо денешната катехеза ја заврши со повикот до сите христијани добро да ја живеат ова света пасхална тродневница за да бидат сѐ подлабоко вкоренети во таинството на Христос Кој умре и воскресна за нас. Нека на ова духовно патување нè придружува Блажена Дева Марија, таа која го следела Исус во неговата мака, која била присутна и соединета со Него под крстот и која во своето мајчинско срце ја примила неизмерната радост на воскресението – рече Светиот Отец и заврши: Нека Таа ни измоли милост да биде внатрешно вклучени во славењето на претстојните денови преку нив нашето срце и нашиот живот навистина да бидат преобразени.
РВ/к.мк