Духовни вежби за сестрите Евхаристинки

Духовни вежби за сестрите Евхаристинки

Од 7 до 13 мај 2023 година во куќата на сестрите Евхаристинки во Скопје се одржаа духовни вежби за сестрите од провинцијата на Божјото Провидение во Македонија, а ги предводеше патер Маријан Бешлиќ, капелан во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“.

Патер Бешлиќ духовните вежби ги водеше според распоредот на свети Игнатиј од Лојола, започнувајќи со создавањето на светот и човекот, потоа за гревот на првите луѓе, како и за гревовите на светот, но и сопствените. Тој иста така зборуваше за Христоос Цар, потоа Христовиот крст, страдање и откупување. Сестрите имаа можност за света Исповед, а духовните вежби завршија со размислувања за Христовото воскресение и вознесение, како и за блаженствата на гората.

На крајот од духовните вежби Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија, во сослужение на патер Винко Маслаќ и патер Маријан Бешлиќ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот