Духовни вежби. Папата: Се молиме за потребите на Црквата и на целото човештво Папата во своето пладневно обраќање за време на молитвата Ангел Господов во недела 6 март 2022 година ги замоли верниците да го придружуваат во текот на оваа недела на духовни вежби, кои почнуваат на 6 март, а завршуваат во петок, 11 март. Втора година по ред, поради пандемијата Ковид-19, духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија нема да се одржуваат во Аричи, недалеку од Рим, туку ќе секој самостојно.
Попладнево заедно со соработниците во Римската курија ги започнуваме духовните вежби. Во нашите молитви ги носиме сите потреби на Црквата и на целото човечко семејство. А вие, ве молам, молете се за нас – рече папата Фрањо на крајот од пладневното обраќање, пред околу 25.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар, барајќи од нив духовно да го придружуваат на духовните вежби во постот кои ќе траат до петок, 11 март. Во тие денови, сите обврски на Папата ќе бидат суспендирани, вклучително и Генералната аудиенција на 9 март.
Втора година по ред, пандемијата ги условува традиционалните духовни вежби на Папата со Римската курија. Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 20 јануари објави дека поради епидемиолошката криза предизвикана од болеста Ковид-19, духовни вежби на Римската курија нема да бидат со физичко присуство во заедништво, во Домот на Божествениот учител во Аричи. Затоа, како и минатата година, папата Фрањо ги охрабри резидентните кардинали во Рим и раководителите на дикастериите и раководителите на Римската курија лично да се погрижат за духовните вежби, повлекувајќи се во молитва од недела, 6 март до петок, 11 март.
Ватикан њуз/к.мк