Духовна средба на Заедништво и Слобода (Comunione е Liberazione)

Духовна средба на Заедништво и Слобода (Comunione е Liberazione)

Од 1 до 3 март 2024 година крај езерото Младост во близина на Велес се одржа годишната Духовна средба, која традиционално го носи името Vacanzina – за Југоисточна Европа, во организација на Заедништво и Слобода (Comunione e Liberazione). Учество зедоа верници од повеќе земји од југоисточна Европа: Романија, Бугарија, Грција, Албанија, Италија, Полска, Шпанија, Чешката Република и Македонија. Тема на средбата беше: „Духовната средба помината заедно во Македонија – момент на дружба за едукативно патување кое помага да ја живееме и продлабочиме нашата вера и единството меѓу нас“.

Во склоп на средбата во сабота на 2 март беше посетен античкиот град Стоби, а за историјата и духовното значење на некогашниот регионален центар на овој дел на Македонија предавање одржа Марија Баренги од Милано.

Духовната средба ја водеше отец Стефано Паскуеро, свештеник од Прага, Чешка, во духот на повикот на папата Фрањо, врз текстот од Евангелието: „Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“. (Иван 13,34-35) А засновано врз единството сакано од дон Луиџи Џусани кое се темели на Исусовото прашање упатено до Апостолот Петар:„Симонe Јонин, дали ме сакаш ‘повеќе од овие’?“

Филип С./к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот