Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија

Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија

Во понеделник 14 ноември 2016 година во парохијата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија се одржаа месечна духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. На средбата присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

На последната месечна духовна обнов во Годината на милосрдие предавање одржа о. Илија Стојанов, парохиски викар во Радово на тема: Бог е љубов и нѐ љуби и нас“.

Духовната обнова продолжи со можност за света Исповед, света Литургија и заедништво во манастирот на сестрите Евхаристинки.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот