Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин во вторник 15 септември 2020 година пристигна во Сплит.
Во придружба на кардиналот се неговиот личен секретар, монс. Винченцо Туртуро и монс. Мислав Хоџиќ од Државниот секретаријат. За време на неговата посета се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а учествуваше и на вонредната седница на Хрватската бискупска конференција.
Повод за престојот на кардинал Паролин во Сплит е хиротонијата на монс. Анте Јозиќ, која е на 16 септември во црквата „Свето семејство“ во Солин.
Ватикан њуз/к.мк