Донација на користена облека од Парохискиот Каритас Богданци за ЈУ Специјален завод – Демир Капија
Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 10 јули 2024 година ја предаде донацијата на користена облека на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија.
Ова е втора донација на користена облека во текот на оваа година за заводот во Демир Капија. Благодарение на жителите од Богданци и околните места континуирано со години наназад парохијата од Богданци донира користена облека на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија, но и на други установи и лица во потреба.
Парихискиот Каритас во Богданци и во иднина продолжува со собирање користена облека, а се со цел да им се помогне на лицата во потреба.
к.мк