Дијалогот е единствен пат до мирот

Во неделата 29 јуни по молитвата Ангел Господов папата Фрањо упати повторен апел за мир во Ирак.

Драги браќа и сестри,

Вестите кои доаѓаат од Ирак за жал се многу болни. Се придружувам на епископите на таа земја апелирајќи до властите преку дијалог да се сочува националното единство и да се избегне војната. Изразувам близина со илјадниците семејства, посебно христијанските кои мора да ги напуштат своите домови и се во смртна опасност. Насилството раѓа насилство; дијалогот е единствен пат до мирот. Да се помолиме на Дева Марија да го чува Ирак. Радувај се Маријо…

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот