Децата од Сирија со апел за мир до Европскиот парламент

Децата од Сирија со апел за мир до Европскиот парламент

Преставници во Европскиот парламент оваа недела по пат на директна видео врска имаа можност во живо да слушнат сведоштва на деца од разрушениот сириски град Алепо и со нив да поразговараат.

Папската фондација „Помош на Црквата во неволја“ заедно со заменик претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и специјалниот претставник на Европската унија за промовирање на слободата на вероисповед или уверување надвор од ЕУ Јан Фигел, во вторникот на 6 декември 2016 година, во Европскиот парламент организираа едноставна видео-конференција помеѓу европските претставници и децата на училишна возраст во католичката црква во Алепо (Сирија).

Иако првично било предвидено дека од училиштето преку видео врската во Европскиот парламент ќе се јават 25 деца заради ситуацијата во градот само пет деца успеале во вторник попладне да дојдат до училиштето. Европратениците меѓу кои беше и хрватската претставничката Маријана Петир, длабоко беа трогнати од сведоштвата на децата.

Децата на пратениците им ги раскажаа своите стравови од војната кои ги доживуваат секојдневно и ги молат претставниците во Европскиот парламент да направат сѐ што е можно во нивната ранета земја да се врати мирот, тие да можат да го живеат своето детство кое им го киднапираа експлозиите и престрелките. Оние најмалите меѓу нив не знаат за ништо друго освен за војна.

Длабоко трогната од разговорот со сириските деца преставничката Маријана Петир истакна дека токму во детските зборови најјасно се истакнуваат сите прашања за Сирија денес. Петир потсетува дека токму децата се најголемите жртви на војната во Сирија – на 8,4 милиони деца во Сирија и соседните земји им е потребна итна хуманитарна помош; 2,4 милиони сириски деца живеат како бегалци во блиските земји. Шест илјади сириски училишта се затворени, а 2, 8 милиони деца повеќе не одат во училиште.

„Оваа католичко училиште кое го посетуваат деца католици и деца муслимани и тоа во невозможни услови е зрак светлина во мракот кој ја покрил Сирија“ – рече Петрир фалејќи ги напорите, грижите и жртвите на католичките монаси и монахињи кои работат со децата и му помагаат на локалното население.

Впечатливата, потресна но истовремено и силна видео-конференција ја остави полната сала без зборови. Видео-конференцијата е дел од пошироката иницијатива „Цртежи за мир во Сирија“ во организација на „Помош на Црквата во неволја“ заедно со локалните цркви собра околу милион цртежи и писма во над две илјади училишта ширум Сирија (Алепо, Хомс, Тартус, Дамаск). Децата од сите религии преку цртежи и писма ги раскажуваат своите воени случувања и на тој начин испраќаат силен апел за мир. Делата се веќе претходно презентирани на претставниците во Европскиот парламент, а изложбата на оригиналните детски цртежи е отворена оваа недела во Европскиот парламен.

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот