Десет совети на папата Фрањо за среќа во животот

Во делот од интервјуто објавено на 27 јули во аргентинскиот весник „Вива“, Папата наброи 10 совети кои донесуваат среќа во животот:

1. „Живеј и пушти ги другите да живеат“. Секој би требало да се води од ова начело рече Папата, а во Рим постои и сличен израз кој гласи: „Оди напред и пушти другите да го направат истото.“

2. „Дадете се на другите.“ Папата смета дека луѓето треба да се отворат и да бидат великодушни кон другите, бидејќи доколку се затворат во себе постои опасност да станат егоцентрици. „Застоената вода се расипува“, вели Папата.

3. „Задржете ја смиреноста во животот.“ Папата Фрањо предавал литература во средно училиште и ја употреби сликата од романот на Рикардо Гуиралдес, во кој еден од ликовите – гаучо (аргентински каубој) дон Сегундо Сомбра – се присетува на својот живот

„Кога бил млад бил како потоко полн со камења кое сѐ носи со себе; кога пораснал бил како разорна река; а во староста сеуште тече и се движи, но полека како езеро.“ Папата рече дека посебно му се допаѓа последната слика на езерото – тоа ја покажува „можноста за движење со љубезност и понизност, со смиреност во животот.“

4. „Здрава смисла за одмор“. Уживањето во уметноста, литературата и играњето со деца се изгуби во денешно време, рече Папата

Консумизмот донесува вознемиреност, стрес и предизвикува губење на „здравата смисла за одмор“. Нашето време е „проголтано“ и луѓето не стигнуваат да го споделат со другите.

Иако многу родители многу време поминуваат на работа тие сепак мора да одвојат време за игра со своите деца; распоредот на работата „може да го отежне пронаоѓањето на време за игра со децата, но тоа време сепак треба да се пронајде.“

Исто така, задолжително треба да се исклучи телевизорот при заеднички ручек. Иако нѐ известува за вестите од светот, телевизијата може да ја спречи нашата меѓусебна комуникација.

5. Недела треба да биде празник. Работниците не смеат да работат во недела. „Недела е ден за семејството.“

6. Треба да бидеме иновативни за да создадеме достоинствени работни места за младите луѓе. „Мораме да бидеме креативни со младите луѓе. Доколку не им пружиме можност тие би можеле да влезат во светот на дрогата“ и да станат подложни на самоубијство.

Не е доволно само да им дадеме храна. Им даваме достоинство кога им пружиме можност за да заработат за храна со својата работа.

7. Да ја почитуваме и чуваме природата. У иштувањето на животната средина е еден од најголемите предизвици со кој се соочуваме. Мислам дека сите избегнуваме да си го поставиме прашањето на самите себе: „Не прави ли човештвото самоубијство со вакво невнимателно и тиранско искористување на природата?

8. Престанете да бидете негативни. Потребата за озборување на другите укажува на недостатокот на самодоверба. „Тоа всушност значи дека се чувствувам толку лошо што морам другите да ги понижам наместо самиот да се подигнам. Брзото ослободување од негативностите е добро за здравјето.“

9. Немојте да ги уверувате другите, почитувајте ги туѓите верувања. „Можеме да ги поттикнуваме другите со нашето јавно сведочење на верата на начин да се зближуваме преку комуникацијата. Но, најлошо од сѐ е уверувањето на другите во сопственото религиско верување, тоа парализира: „Разговарам со вас така што ве уверам дека е исправно тоа што јас го мислам. Не. Двете лица треба да разговарат почнувајќи од својот сопствен идентитет. Црквата треба да ги привлекува верниците, а не да ги уверува дека единствено нејзиното учење е исправно.“

10. Работа за воспоставување на мир. Живееме во време на многу војни и треба да го подигнеме својот глас за мир. Во мирот понекогаш владее впечатокот дека треба да моличиме, но никогаш не се работи за молчење, мирот бара непрестано залагање и делување однапред.

Папата Фрањо исто така напомена колку е важно да се помогне на мигрантите. Ја пофали великодушноста на Шведска која ги отвори вратите за многу луѓе, додека анти-мигрантската политика на другите земји покажува дека остаткот на Европа „се плаши“.

Со радост се присети на жената која и помагала на неговата мајка во домаќинството додека растел во својот дом во Буенос Аирес.

Марија Консепсион Минуто била мигрантка од Сицилија, вдовица и мајка на две момчиња, доаѓала три пати неделно за да и помага на неговата мајка при перењето алишта кои во тоа време се переле исклучиво рачно.

Ова работлива и горда жена со својата приказна за Втората светска војна во Италија и за земјоделството во Сицилија оставила голем впечаток на десетгодишниот иден папа.

„Беше итра како лисица, внимателно ја распоредуваше секоја паричка и никој не можеше да ја излаже. Имаше многу прекрасни карактеристики.“

Неговото семејство се иселило и повеќе не биле во контакт, но, после неколку години тогаш веќе патер исусовац Хорхе Бергољо ја пронашол и продолжил да ја посетува во текот на следните 10 години, сѐ до нејзината смрт.

„Неколку дена пред смртта го извади малиот медаљон од својот џеб и ми го даде велејќи дека ми го поклонува. И од тогаш секоја ноќ кога ќе го тргнам и бакнам и секое утре кога го ставам се сеќавам на таа жена.“

„Умре среќна, со насмевка, но и со гордо работничко лице.  Заради тоа посебно сум чувствителен на чистачите и другите работници во домакинството чии права, сите права треба да и се признаат и да се заштитат. Не смее да се дозволи нивна експлоатација или било какво некоректно однесување кон нив.

Грижата на папата Фрањо ја нагласува и неговиот пост на Твитер (@Pontifex) од 29 јули во кој пишува: „Секогаш да бидеме благодарни за помошта на негувателите и другите работници во домаќинството; драгоцена е нивната служба.“

Лаудато/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот