Во својата колумна за Catholic Exchange, отец Ед Брум, свештеник и облат на Девица Марија, наведува десет причини за правење на побожноста или активностите на примерните христијани. Во таа прилика, земајќи го како препорака, инсистирањето на Дева Марија за молитвата Бројаницата која им го кажала на пастирите во Фатима, отецот Ед сподели со нас десет причини за молење на оваа прекрасна молитва, во светот жеден за мир, утеха и убавина.
- Нашата Богородица ни рече тоа да го правиме! Ако некоја мајка на своето дете му повторува одредена заповед, тоа е затоа што, во длабочината на срцето, многу добро знае дека заповедта која што ја дава е многу важна. Богородица се појавила шест пати во Фатима и во сите тие шест пати ги замолила луѓето да молат Бројаница. Но, не ги замолила само оние на кои им се објавила, туку и на сите нас да молиме за спасението на светот.
- Бројаницата е библиска молитва. Многумина од оние кои не се католици ја осудуваат Светата Бројаница. Сепак, многу малку знаат дека молитвата Бројаницата во својата потполност се темели од светото Евангелие. На пример, првата серија таинства, Радосни таинства, произлегуваат од Евангелието од Лука, првото и второ поглавје. Така што, размислувајќи над таинствата на Бројаницата, исто така размислуваме за Божјата љубов.
- Можеме да научиме како да го запознаеме, да го сакаме и да го следиме Исус. Свети Игнациј Лојолски ни зборува дека има плод кога размислуваме и го набљудуваме Христовиот живот: запознавање и љубов кон Него. Кој посилно го следи и со жар, поблиску е до Неговото срце. Паралелно, кога се навикнуваме да ја молиме Бројаницата, се приближуваме кон Исуса преку молитвените застапништва на неговиот прв ученик: Дева Марија.
- Таа е резиме на Евангелието. Неодамнешните Папи, како што е блажен Иван VI или Свети Иван XXIII, ја нарекувале Бројаницата „резиме на Евангелието“. Дури и пред свети Иван Павле II да ги воведе светлосните таинства. Така го имаме Исусовото детство во Радосните таинства, потоа следат светлосните таинства; жалосните кои зборуваат за маката и смртта, а Славните се за неговото воскресение и посанието на Марија.
- Бројаницата може да нѐ воведе во вистина. Тоа е прекрасна молитва која ако се молиме добро и упорно, може да нѐ доведе до светост. Изговарањето на Оче Наш и Радувај се Маријо се претвораат во набљудување на таинствата и нивното користење во нашиот секојдневен живот. Тоа е контемплативна молитва низ која се обидуваме да го разбереме Исусовиот и Марииниот живот. И да се „поврземе“ со нив.
- Бројаницата може да донесе мир во светот, надворешен и внатрешен. Во светот како што е нашиот, ни треба програма за мирот, истерувајќи го злото и устоличувајќи го доброто: Исуса и Марија да бидат цар и царица на светот, нашите држави, градови, домови и семејства. Исто така и нашиот поединечен живот и нашето срце. Во Фатима Девицата предупредила: молејќи Бројаница значи дека создавате свет на мирот.
- Молитва за совладување на зависностите. Гревот може да нѐ претвори во робови. Самиот Исус рекол дека гревот е ропство. Како тоа што го покажуваат многу преобраќања, Бројаницата оддалечува од зависностите. Нашата Богородица моли за чистота. Една од Фатимските пораки е дека многу луѓе ја губат вечноста поради телото, поради гревот направен против чистотата.
- Молитва за семејно единство. Една од најболните загуби на денешницата е распадот на семејството, на домашната црква. Ако семејството е во ред, општеството е во ред, велеше Свети Иван Павле II. Тој самиот молеше Бројаница со две накани: за мир во светот и единство на семејствата.
- Бројаницата е духовна прачка за поразување на ѓаволот. Борбата е сега како Давид против Голијат. Со разлика што денес сме опкружени со „голијат“ од сите страни: морален релативизам, хедонизам, материјализам… За да се добие оваа битка као водач мораме да ја ставиме Дева Марија и гордо со неа да го носиме најсилното оружје: Светата Бројаница, така што Давид, надевајќи се во Бога, го победил Голијат… Со една понизна прачка.
- Духовните добра сочувани за небото. Многу светци рекле: Дева Марија е „нашата паричка“ која ќе нѐ направи милионери на небото. Така поставените работи, ако на небото сакаш да бидеш милионер и да ја спасиш својата душа, своите сакани личности и многу други души, почни, веднаш сега, со жар да ја молиш Бројаницата. Исус, по застапништвото на Богородица, ќе ти сочува огромно богатство на Небото.
Млади католици/к.мк