Денес според Грегоријанскиот календар е Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ

Денес според Грегоријанскиот календар е Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ

По повод празнувањето на Рождеството Христово, Н.В.П. монс. Киро Стојанов Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, упати божиќна честитка посакувајќи на сите христијани, во годината кога нè посети Христовиот намесник на земјата Светиот отец Папа, Честит празник Рождество Христово – Божик, а на сите граѓани на нашата земја Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, посака да ги прати секогаш и насекаде Божјиот благослов и Неговата неизмерна благодат исполнета со радост и мир!

Меѓу останатото во божиќната честитка скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх вели: „Во оваа Божиќно време, Црквата нè учи да ја живееме нашата христијанска хуманост, молејќи го Бога што нас во своето достоинство, чудесно нè создаде, а уште почудесно не препороди, да ни даде дел во божественоста на Неговиот Син, кој ја зеде нашата човечка природа (хорска молитва). Нека со нашата посветеност и меѓусебното дарување овој свет биде посветол, потопол и похуман. А тоа ќе се оствари ако едни со други излеземе во пресрет, не затоа што мораме, туку од љубов, како што Бог со своето овоплотување ни излезе во пресрет.“

Вечерва со почеток од 21 часот бискупот Стојанов ќе ја предводи полноќната божиќна света Миса во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје во заедништво со свештеници од Скопската бискупија и Струмичко – скопската епарохија

Радио Марија ќе врши директен пренос од полноќната божиќна света Миса.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот