Ден на молитвата за прогонетите христијани

Ден на молитвата за прогонетите христијани

Германската бискупска конференција на празникот Свети Стефан Првомаченик организира „Ден на молитвата за прогонуваните и угнетувани христијани од нашето време.“

На посебен начин на тој ден ќе се моли за христијаните во Нигерија кои постојано се изложени на исламистички напади. Секретаријатот на Германската бискупска конференција дистрибуира информативен материјал со цел сензибилизација за тој „Ден на молитвата“, а кој е наменет најмногу за парохиите. Исто така се подготвени молитви и побожни песни на таа тема.

„Денот на молитвата е воспоставен во 2003 година, а на католиците Германци им овозможува што подобро да ја запознаат потребата од таа неопходност за помош и солидарност со христијаните во некои подрачја во светот, исто така и во постојан разговор со тамошните бискупи и мисионерите. Токму во тој дух, на 29 ноември ова година монс. Матеј Хасан Кука бискуп на нигерiскиот град Сокота, и монс. Лудвиг Шик надбискуп на Бамберг и претседател на Комисијата за Универзалната Црква при Германската епископска конференција, го претставија досието за моменталната ситуација на нигериските христијани.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот