На крајот од Генералната аудиенција, во среда, 7 август 2024 година, во салата Павле VI, папата Фрањо ги поздрави двајцата ходочесници од малиот град Оропеса во шпанската провинција Толедо, кои дојдоа пеш во Рим.
Хесус Пино (61) и Хесус Монха (60) го започнаа своето ходочестие на 16 април од манастирот Пресвета Богородица од Гвадалупе. Цел живот пријатели, се сретнаа со Папата, рекоа дека доживеале „неверојатно искуство на благодат по 2.670 поминати километри еден покрај друг за повеќе од три месеци“.
Ходочестието ги водеше по кралскиот пат од Гвадалупе до Мадрид. Оттаму, од манастирот „Свети Јероним“ продолжиле кон светилиштето на Пресвета Богородица Ступа во Сарагоса. Потоа поминале низ Каталонија каде и оддале почит на Богородица од Монсерат. Ходочестието го продолжиле по патот Игнатиус од Манреса до Франција, минувајќи низ градовите Перпињан, Нарбона и Арл, до италијанскиот брег. Следејќи го древниот франкиски пат, стигнале до Рим.
По аудиенцијата и средбата со Светиот Отец, тие за ватиканските медиуми изјавиле дека „имале величествени моменти и тешки моменти кои можат да се надминат со вера и истрајност“. Една од важните лекции што ги научиле е дека, како што велат, „можете да го поминете денот со многу малку, а малите моменти можат да ве направат многу среќни“.
Пино, пензиониран професор по латински јазик и Мона, резервист, велат дека поминале низ тешки моменти, но и покрај тешкотиите, секогаш чувствувале дека не се сами, бидејќи биле свесни за поддршката од оние што ги придружувале во молитвата.
Затоа, тие се заблагодарија за духовната поддршка што ја почувствувале за време на патувањето, истакнувајќи дека не претрпеле никакви повреди, што го препишуваат на молитвите и Божјата заштита.
Ватикан њуз/к.мк