Симболичен дар од 25.000 евра подарен на Светската програма за храна е уште еден знак на грижа во актуелната општа криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.
Преку Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и во соработка со постојаниот претставник на Светиот Престол при Организацијата на Обединетите нации за прехрана и земјоделство (ФАО), при Меѓународниот фонд за земјоделски развој и при Светската програма за храна, папата Фрањо одлучи да испрати на Светската програма за храна симболичен дар од 25.000 евра, како уште еден знак на грижа за актуелната криза – стои во соопштението на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.
Тој износ посебно сака да биде директен израз на чувството на близина на Светиот Отец кон луѓето кои ги погоди пандемијата и кон сите кои се ангажираат во давањето на основните услуги со цел помош на сиромашните и најслабите и најранливите луѓе во нашето општество – се истакнува во соопштението. Освен тоа, тоа е уште еден гест на татковско охрабрување на папата Фрањо во однос на хуманитарната работа на тие организации и кон другите земји кои во оваа време на криза сакаат да се придружат за поддршка на целосниот развој и јавното здравство, спротивставувајќи се на општествената нестабилност, недостатокот на прехранбена безбедност, сѐ поголемата невработеност и колапсот на економските системи на најранливите земји – е истакнато во соопштението на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.
Ватикан њуз/к.мк