Дали Јоаким и Ана биле совршен пар?

Дали Јоаким и Ана биле совршен пар?

Дали постојат совршени парови? Не знам. Но, знам дека има венчани светци и на нив без сомнение припаѓаат Ана и Јоаким, родителите на Дева Марија.

Од каде се? Која е нивната приказна пред раѓањето на нивната единствена ќерка? Одговорот на ова прашање не можеме да го најдеме во Евангелијата. Сепак, информациите за родителите на Мајката на Спасителот се зачувани во апокрифната литература.

Бог дава благодат

Името Ана значи „Бог дава благодат“. Мајката на Марија и бабата на Исус, без сомнение, беше избрана и обдарена со благодат. Од почетокот на светот, Создателот имаше брилијантен план за неа и чекаше да се исполни. Света Ана е родена во Витлеем и припаѓала на царскиот род на Давид. Традицијата вели дека нејзините роднини биле побожни и скромни и многу се молеле, а исотвремено биле и доста богати. Сепак, делеле сѐ со сиромашните, живеејќи навистина скромно. Света Ана пораснала во атмосфера на љубов и мир. На 24 годишна возраст, таа се омажила за Јоаким, кој исто така потекнувал од родот Давидов.

Господ ќе помогне

Името Јоаким значи „Бог ќе помогне, утеши, зајакне, возвиши“. Мажот на света Ана потекнува од богато и почитувано семејство, добро познато во Назарет. Се карактеризирал со понизност, скромност, тивок говор, но и неверојатна ревност во молитвата и радост да се сподели имот или добар збор со сиромашните и оние во потреба.

Јоаким и Ана биле богобојазлива двојка, во близок контакт со Бог, делејќи го својот имот на три дела. Првиот го дарувале во храмот, вториот за потребите на поклониците и луѓето во неволја. Третиот дел го оставале за себе. Меѓутоа, и покрај тоа што живееле во заедништво со Бог, тие не можеле да имаат деца.

Неплодност

Во тоа време, неплодноста се сметала за Божја казна за сторените гревови. И покрак тоа што Јоаким и Ана живееле побожно, нивниот дом бил покриен со срам. Дваесет години, двојката се молела за дарот на деца.

Света Ана дури се заветувала дека ако се родат деца, ќе ги даде да му служат на Бога. За жал, ништо не се променило. Денес темата за неплодност е посебно актуелна и за неа многу се дискутира. Сѐ поголем е бројот на парови кои сакаат да имаат деца, но не можат, од различни причини. Во тој контекст, треба да се има во предвид помислата ако Бог не даде потомство на одреден брак во одредено време, можеби во нивниот дом ќе се роди голем човек, избран и повикан од Господ за посебно послание.

Комбинирајќи ги значењата на двете имиња на овие светци, се исчитуваат зборовите: благодат и благослов. Бог не ги остава своите деца, особено во потреба и моменти на искушение. Таков бил случајот и со света Ана и свети Јоаким. Еден ден идниот татко на Марија ќе појде во светилиштето да принесе жртва на Бога. Меѓутоа, храмскиот служител му забранил, со образложение дека Јоаким нема деца и затоа не е достоен да му принесе жртва на Бога.

Понижениот стрец оди во пустината и таму 40 дена и ноќи барал од Бога благослов. Тажната Ана, исто така, со надеж барала од Бог да ѝ даде да стане мајка. Во тој тежок момент се објавил Ангел на света Ана кој ѝ упатил радосни зборови: „Бог ги услиша твоите молитви, ќе добиеш ќерка и ќе ѝ го дадеш името Марија; и девојчето ќе му се посвети на Бога од детството и ќе биде исполнето со Светиот Дух“.

Ангелот истото му го кажал и на Јоаким и тој наскоро се вратил од пустината. Се случило и тоа. Кога Ана имала 45 години, се родила нејзината долгоочекувана ќерка Марија.

Лекција за понизност на девојките

Примерот на Јоаким и Ана покажува колку е важна понизноста и трпението во животот на секој пар. Вистинскиот лек за секоја тешкотија е верата и ревната молитва. Бог никогаш не ги напушта своите деца и со голема милост покажува дека многу ги сака.

Во случајот со овој брак, издржувањето на непријатностите и пречките резултира со родителство и грижа за најубавата и најпочитуваната жена во историјата на спасението, Марија! Света Ана, исто така, го чекаше раѓањето на нејзиниот внук Исус. Дали можете да си замислите подобар крај на оваа приказна?

Алатеија/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва
Ознаки Ана, Јоаким

За авторот